„ВИЗЕР“ ГИ УКИНУВА ЛЕТОВИТЕ ОД ОХРИД ДО МИЛАНО И МЕМИНГЕН ДО СЛЕДНИОТ МАРТ, ОСТАНУВА САМО ЛЕТОТ ЗА ВИЕНА

    „ВИЗЕР“ ГИ УКИНУВА ЛЕТОВИТЕ ОД ОХРИД ДО МИЛАНО И МЕМИНГЕН ДО СЛЕДНИОТ МАРТ, ОСТАНУВА САМО ЛЕТОТ ЗА ВИЕНААвиони на „Визер“ на платформата на Охридскиот аеродром на почетокот на септември (Фото: М. Гогов за СДК.МК)

    „Визер“ привремено ќе ги укине летовите од Охрид до Меминген и Милано, што ќе биде на сила до крајот на март, објави специјализираниот сајт „ЕксЈуавиејшн“. Авиокомпанијата претходно ги суспендираше своите услуги од Базел, Дортмунд, Малме и Лондон (Лутон) до стартот на зимската сезона на 25 октомври.

    Единствената линија до Охрид што постојано се одржува е онаа до Виена, иако и таа е намалена на еден лет неделно до крајот на октомври.

    „Визер“ претходно објави дека ќе ги намали и своите услуги во Скопје преку зимата, па до крајот на март 2021 нема да ги има летовите до Барселона, Бремен, Хановер, Ларнака, Сандефјорд (Норвешка) и до два аеродрома во Шведска, Скавста во близина на Стокхолм и Вешо, а претходно беше укината и линијата до Салцбург.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира