ВКУПНО ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД И 355 ЗАРАЗЕНИ, ПОЗИТИВНИ СЕ НАД 31 ОСТО ОД ТЕСТИРАНИТЕ

    ВКУПНО ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД И 355 ЗАРАЗЕНИ, ПОЗИТИВНИ СЕ НАД 31 ОСТО ОД ТЕСТИРАНИТЕАктивни се 1.474 болни. (Фото: СДК.МК)

    Во последните 24 часа се регистрирани нови 355 позитивни на ковид-19 од 1.129 тестови, или 31,4 отсто од тестираните, од кои 89 реинфекции, соопшти Министерството за здравство. Починати се вкупно двајца болни.

    Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Скопје (75г), починат во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин регистрирано е едно починато лице од Струга (78г), починат во домашни услови на ден 30.06.2022.

    Новозаразените се во Скопје – 156, Охрид – 32, Битола – 29, Кавадарци – 28, Куманово – 19, Велес – 18, Прилеп – 10, Тетово – 9, Струмица и Кочани – по 6, Гостивар – 5, Штип, Гевгелија, Неготино, Радовиш и Валандово – по 4, Струга – 3, Крива Паланка, Делчево, Дебар, Пробиштип, Богданци и Кратово – по 2, Ресен и Свети Николе – по 1.

    Регистрирани сe 145 оздравени пациенти од: Скопје – 86, Кавадарци – 12, Куманово – 9, Битола, Прилеп, Гостивар и Штип – по 6, Велес – 5, Кичево – 4, Струмица – 2, Тетово, Гевгелија и Неготино – по 1.

    Направени се 1.129 тестови преку: ИЈЗ-99, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-41, ЦЈЗ Прилеп-14, ЦЈЗ Тетово-32, ЦЈЗ Куманово-31, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–84, Жан Митрев (Филип Втори)-16, Авицена-40, Биотек-57, Систина-34, лабораторија Лаор-11, Синлаб-2, Ремедика-13, Плодност-5, Генеа-7, Никоб Лаб-54, ВФВ Медикал-6, Ели МедикаПлус-2, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–5, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 349.

    Досега во земјата се направени вкупно 2.087.721 тестирања на ковид-19. Вкупно дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 315.402, бројот на оздравени пациенти е 304.599, на починати е 9.329, а бројот на активни случаи изнесува 1.474.

    Дистрибуција по градови
    Скопје      149027, Активни   783
    Куманово    16825, Активни    77
    Битола      15894, Активни    99
    Прилеп      14304, Активни    45
    Тетово      13564, Активни    50
    Кавадарци   10799, Активни    52
    Велес 9881, Активни     51
    Гостивар    9650, Активни     22
    Охрид 9080, Активни     108
    Штип  8143, Активни     36
    Струмица    8125, Активни     22
    Кичево      5676, Активни     8
    Кочани      5139, Активни     25
    Струга      4749, Активни     14
    Гевгелија   4436, Активни     8
    Неготино    3721, Активни     11
    Ресен 2763, Активни     4
    Свети Николе      2643, Активни     2
    Радовиш     2545, Активни     13
    Крива Паланка     2426, Активни     7
    Делчево     1994, Активни     7
    Берово      1693, Активни     1
    Дебар 1686, Активни     5
    Валандово   1492, Активни     4
    Виница      1399, Активни     1
    Пробиштип   1278, Активни     8
    Богданци    1027, Активни     4
    Кратово     971, Активни      2
    Крушево     933, Активни      2
    Демир Хисар 837, Активни      1
    Македонски Брод   744, Активни      1
    Демир Капија      595, Активни      1
    Македонска Каменица     525, Активни      0
    Пехчево     486, Активни      0
    Дојран      352, Активни      0

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира