ВЛАДАТА ДА ЈА ПОВЛЕЧЕ ОДЛУКАТА ЗА ИЗГРАДБА НА 8 ХИДРОЕЛЕКТРАНИ ВО ЗАШТИТЕНИ ПОДРАЧЈА, БАРА „ЕКО-СВЕСТ“

    ВЛАДАТА ДА ЈА ПОВЛЕЧЕ ОДЛУКАТА ЗА ИЗГРАДБА НА 8 ХИДРОЕЛЕКТРАНИ ВО ЗАШТИТЕНИ ПОДРАЧЈА, БАРА „ЕКО-СВЕСТ“Од „Еко-свест“ велат дека тендерот кој беше објавен на 4 јануари, предвидува издавање на вкупно 22 локации за мали хидроелектрани и дека во февруари со допис реагирале до премиерот во кој укажуваат дека 11 од предложените локации за концесии се наоѓаа во заштитени подрачја, што во спротивност со националните и меѓународните закони и е во спротивност на препораките на Европскиот парламент и Бернската конвенција. (Фото: „Еко-свест“)

    Владата мора да ја повлече одлуката да се доделат 8 концесии за изградба на мали хидроелектрани, од кои повеќето се во заштитени подрачја и со тоа се ставаат во опасност од уништување на цели екосистеми кои се од особена еколошка и биолошка вредност, повика центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест.  Владата на 14 мај одобри концесии изградба на мали хидроелекттрани во заштитени подрачја.

    Од „Еко-свест“ велат дека тендерот кој беше објавен на 4 јануари, предвидува издавање на вкупно 22 локации за мали хидроелектрани и дека во февруари со допис реагирале до премиерот во кој укажуваат дека 11 од предложените локации за концесии се наоѓаа во заштитени подрачја. Анализите на оваа невладина организација покажале дека овој повик е во спротивност со националните и меѓународните закони и е во спротивност на препораките на Европскиот парламент и Бернската конвенција.

    „Штетата врз биодиверзитетот и природните живеалишта е уште поголем кога ваквите планови за изградба се наоѓаат во подрачја со особена еколошка и биолошка вредност. Како демонстрација на ваквата несоодветна пракса е и изградбата на малата хидроелектрана на Крапска Река, која се наоѓа на Јакупица и претставува Емералд подрачје, под заштита на Бернската конвенција. Последниот фото-извештај од посетата на терен укажува на серија прекршувања на нашите закони, недостиг од добра градежна пракса и трајно уништување на екосистемите и реката“, објави „Еко-свест“ на социјалните мрежи.

    Еден од косновачите и извршен директор на невладината „Еко-свест“е Ана Чоловиќ-Лешоска, која е една од годинешните добитници на реномираната светска награда Голдман, со која им се оддава почит на борците за заштита на животната средина. Таа ја ја предводи повеќегодишната борба против изградба на две хидроцентрали во рамките на националниот парк Маврово, што, меѓу другото, го загрозуваат живеалиштето на реткиот балкански рис. Таа вчера учествуваше на 5. панел на Македонскиот енергетски форум, каде кажа дека 55 отсто од граѓаните сметаат оти можат да влијаат на заштита на животната средина.

    „Да се зборува за свесност за енергетска ефикасност треба да се зборува за свесност на многу теми поврзани со оваа. Енергетската ефикасност делува на повеќе области. ‘Еко-свест’ работи долгорочно на оваа тема. Резултатите од нашето истражување покажуваат дека 55 % од граѓаните мислат дека можат да влијаат за заштита на животната средина. Тоа значи дека кај граѓаните постои свесност дека од нив зависат многу работи“, рече Чоловиќ-Лешоска.

    Од „Еко-свест“ велат дека иако концесијата за малата хидроелектрана на реката Жировница во националниот парк Маврово не е доделена со овој повик, а владата требало да не ги додели и за останатите 10 електрани и така да докаже дека определбата за заштита на природата и животната средина не се декларација на хартија, туку вистинска посветеност.

    „За овој нов развој на состојбата со понатамошната изградба на хидроелектрани во заштитени подрачја планираме да ги информира Енергетската ааедница и Секретаријатот на Бернската конвенција“, велат од „Еко-свест“.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира