ВЛАДАТА ГИ УСВОИ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СТЕЧАЈЦИ, СЕ ОЛЕСНУВААТ УСЛОВИТЕ ЗА ДОБИВАЊЕ ПАРИЧЕН НАДОМЕСТ

    ВЛАДАТА ГИ УСВОИ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СТЕЧАЈЦИ, СЕ ОЛЕСНУВААТ УСЛОВИТЕ ЗА ДОБИВАЊЕ ПАРИЧЕН НАДОМЕСТСо законските измени се очекува уште 1.900 лица да добијат решенија со кои ќе добијат материјално обезбедување до остварување на правото на пензија или до следно вработување. - Стечајците во август лани на средба во Влада со премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска (Фото: Влада)

    Владата на денешната седница ги усвои измените и дополнувањата на Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост или познат како Законот за стечајци.

    Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика, кажа дека со измените дополнително се воведува можност со законските одредби да бидат опфатени и луѓето чиј работен однос престанал и по приватизација на претпријатието.

    ФИЈАСКО НА ЗАКОНОТ ЗА СТЕЧАЈЦИ ВО КУМАНОВО, БЕЗ НАДОМЕСТ ОСТАНА И ЛИДЕРКАТА ЛИЛЕ ГЕОРГИЕВСКА

    „Условот е тоа претпријатие да го има истиот матичен број кога било државно и работниот однос на лицата да почнал кога претпријатието било во државна сопственост. Со Законот кој го донесовме во септември 2017 година во суштина беа опфатени 2.732 стечајци, а со овие измени очекуваме дополнителни 1.900 позитивни решенија. Поголема флексибилност е дадена со условот за потребната возраст која треба да ја има невработеното лице, или најмалку 52 години за жени, односно 55 години за мажи, во моментот на поднесување на барањето за остварување на правото за материјално обезбедување“, рече Царовска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира