ВЛАДАТА ГИ ЗАМРЗНА ЦЕНИТЕ НА ЛЕБОТ, МЕСОТО, МЛЕКОТО, СИРЕЊЕТО И ЗЕЈТИНОТ

    ВЛАДАТА ГИ ЗАМРЗНА ЦЕНИТЕ НА ЛЕБОТ, МЕСОТО, МЛЕКОТО, СИРЕЊЕТО И ЗЕЈТИНОТОдлуката ќе важи до 31 јануари 2022 година. (Фото: СДК.МК)

    На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи, објави министерот за економија Крешник Бектеши. Цените ќе бидат замрзнати на нивото од 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало.

    Станува збор за производите: леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда.

    Бектеши вели дека од мерката се исклучени цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година. Одлуката ќе важи до 31 јануари 2022 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира