ВЛАДАТА ГО НАЗНАЧИ ВИКТОР ДИМОВСКИ ЗА ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ

    ВЛАДАТА ГО НАЗНАЧИ ВИКТОР ДИМОВСКИ ЗА ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТНовиот директор на АНБ Виктор Димовски и портпаролот Миле Бошњаковски на прес-конференција во Владата на 9 мај 2018 година. (Фото: СДК.МК)

    Владата денешната седница за директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) го назначи Виктор Димовски, досегашен државен секретар во Министерството за надворешни работи. Димовски, кој ќе ја предводи новоформираната Агенцијата за национална безбедност, е поранешен амбасадор и директор на Агенцијата за разузнавање.

    Агенцијата за национална безбедност ќе ја замени Управата за безбедност и контраразузнување, која беше орган во состав на Министерството за внатрешни работи. Новата агенција е самостоен орган со директор именуван од Владата.

    Собранието на 22 мај ги изгласа со двотретинско мнозинство четирите клучни безбедносни реформски закони: Закон за Агенција за национална безбедност, Закон за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Северна Македонија, Закон за следење на комуникациите и Закон за внатрешни работи, со кои се регулира работата на АНБ.

    На денешната седница, Владата ја констатираше оставката на директорот на затворот во Шутка Ѓоко Котевски и на предлог на Управата за извршување санкции, за в.д. директор на оваа институција е назначен Есад Рахиќ, магистер по безбедносни науки и поранешен претседател на Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата на разузнавање, како и поранешен претседател на Комитетот за Одбрана и безбедност при Собранието на Република Северна Македонија.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари