ВЛАДАТА ГО ОДЛОЖИ КЕМБРИЏ, СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ЌЕ УЧАТ ПО СТАРАТА ПРОГРАМА

    ВЛАДАТА ГО ОДЛОЖИ КЕМБРИЏ, СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ЌЕ УЧАТ ПО СТАРАТА ПРОГРАМАНа денешната владина седница беше усвоен предлог-планот „3-6-9“ за спроведување на реформските приоритети. (Фото: Влада)

    Владата донесе одлука да се одложи имплементацијата на програмата „Кембриџ“ во средното образование и учениците од септември ќе продолжат да учат според старата програма.
    „Владата одлучи да биде одложена имплементација на Кембриџ програмата, односно на наставните планови и програми за прва година на гимназиското образование, средното стручно четиригодишно образование и за средното стручно тригодишно образование“, соопшти Владата по денешната седница.

    Од Владата додаваат дека министерството за образование и наука е задолжено да го одложи започнувањето на имплементација на новите наставни планови и програми по наставните предмети математика, физика, хемија и биологија за прва година на гимназиско образование, за прва година на средно стручно четиригодишно образование и за средното стручно тригодишно образование во сите средни училишта.

    На денешната седница, Владата го усвои предлог-планот „3-6-9“, за спроведување на реформските приоритети, неопходни за евроатлантските интеграции на земјава, соопштија од Владата, додавајќи дека деталите од планот дополнително ќе бидат соопштени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира