ВЛАДАТА ГО ПОВИКА СОНК ДА ПРИФАТИ ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ОД 10 ОТСТО И ДЕЦАТА ДА СЕ ВРАТАТ ВО УЧИЛИШТАТА И ГРАДИНКИТЕ

    ВЛАДАТА ГО ПОВИКА СОНК ДА ПРИФАТИ ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ОД 10 ОТСТО И ДЕЦАТА ДА СЕ ВРАТАТ ВО УЧИЛИШТАТА И ГРАДИНКИТЕВладата ги задолжи Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика да обезбедат исплата на платите согласно законските одредби во услови на штрајк. (Фото: К. Попов)

    Владата на денешната седница ги задолжи Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии со ребалансот на Буџетот да предвидат средства за покачување на платите во основното, средното образование и детската заштита во висина од 10% и истовремено го повика Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) кој го организира штрајкот во училиштата и градинките да го прифати ова покачување.

    „Владата ги повикува раководителите на образовните институции, наставниците и воспитувачите во предшколските установи да продолжат со наставата, учениците да се вратат во училиштата, а родителите да продолжат да ги носат децата во градинките“, се вели во соопштението до владината седница.

    Владата, исто така, ги задолжи Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика да обезбедат исплата на платите согласно законските одредби во услови на штрајк.

    Претходно, од Владата кажаа дека наставниците, негувателките и воспитувачките во градинките кои штрајкуваат нема да земат плата, туку ќе им бидат платени само придонеси. Оттаму рекоа дека оваа одредба е предвидена со Законот за работни односи и Колективниот договор за основно и средно образование, и за вработените во градинките.

    На денешната седница, Владата формираше работна група во која се вклучени заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за образование и наука Јетон Шакири, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, да отпочнат процес за преговори за колективен договор со репрезентативниот синдикат и за методологија за континуиран раст на платите во јавниот сектор.

    Владата го задолжи и Министерството за информатичко општество и администрација да започне процес за подготовка на закон за платите во јавниот сектор.

    Владата воедно ги задолжи Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика да ги преземат сите чекори за одржување настава во основното и средното образование, и згрижувањето на децата во градинките согласно уставно загарантираното право за образование и за предучилишна грижа на децата и согласно законски утврдените одредби за одвивање на настава во услови на штрајк.

    Владата ги задолжи Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика да обезбедат исплата на платите согласно законските одредби во услови на штрајк.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира