ВЛАДАТА ГО ПОВЛЕЧЕ ЗАКОНОТ ЗА ОХРИДСКИОТ РЕГИОН И ИМ ПРЕПОРАЧА НА ОПШТИНИТЕ ОХРИД И СТРУГА ДА ПРОГЛАСАТ МОРАТОРИУМ НА ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ

    ВЛАДАТА ГО ПОВЛЕЧЕ ЗАКОНОТ ЗА ОХРИДСКИОТ РЕГИОН И ИМ ПРЕПОРАЧА НА ОПШТИНИТЕ ОХРИД И СТРУГА ДА ПРОГЛАСАТ МОРАТОРИУМ НА ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИНа денешната седница, Владата го усвои новиот текст на Предлог-законот за Јавното обвинителство. - Премиерот Заев на денешната владина седница (Фото: Влада на РСМ)

    Владата на денешната седница донесе одлука да го повлече Законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион и им препорача на општините од регионот да прогласат мораториум на градежните активности до донесување на Планот за управување со природното и културно наследство, соопштија од Владата.

    Истовремено, велат од Владата, им се препорачува на општините Охрид и Струга, во рок од 10 дена да изготват акциски план со роковник за спроведување на препораките на УНЕСКО за обврски од надлежност на општините и во рок од два дена по усвојување на акциските планови од страна на советите на општините, да ги информираат Министерството за транспорт и врски, Министерството за култура и Министерството за животна средина и просторно планирање.

    Овие министерства со одлука на денешната седница добија задолжение да ја координираат меѓуинституционалната активност за спроведување на препораките на УНЕСКО и еднаш месечно да ја информираат Владата за прогресот во имплементација на препораките.

    На денешната седница, Владата го усвои новиот текст на Предлог-законот за Јавното обвинителство и е донесена одлука да биде испратен на усвојување во Собранието со европско знаме и во скратена постапка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира