ВЛАДАТА ГО РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРОТ НА СТРУШКИОТ ЗАТВОР НА НЕГОВО БАРАЊЕ

    ВЛАДАТА ГО РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРОТ НА СТРУШКИОТ ЗАТВОР НА НЕГОВО БАРАЊЕПо полициската акција во Струга и Струшко кога беа приведени неколку лица за дрога и рекет,на информативен разговор беше викнат и директорот на струшкиот затвор Арменд Шаќири. - Од денешната владина седница (Фото: Влада)

    Владата го разреши Арменд Шаќири од директор на Казнено поправниот дом од отворен вид во Струга.

    Во владиното соопштение стои дека Шаќири е разрешен по негово барање.

    Неофицијално, Шаќири е разрешен по полициската акција во Струга и околината кога беа приведени неколку лица за дрога и рекет.

    Тогаш, на информативен разговор беше викнат Шаќири и еден полициски инспектор поради можна злоупотреба на службената положба со поддржување нелегални активности.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира