ВЛАДАТА ИМ ЗАБРАНИ НА ГРАД СКОПЈЕ И ОПШТИНИТЕ ДА ОСНОВААТ ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ФИРМИ ЗА ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

    ВЛАДАТА ИМ ЗАБРАНИ НА ГРАД СКОПЈЕ И ОПШТИНИТЕ ДА ОСНОВААТ ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ФИРМИ ЗА ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕОваа одлука, како што кажа премиерот Ковачевски, е донесена поради тоа што сознанијата велат дека општините основале јавни претпријатија или дејности јавно осветлување или ја доделиле на постоечките јавни претпријатија. (Фото: СДК.МК)

    Со цел да се спречат злоупотреби и манипулации при обезбедување на универзална услуга на пазарот на електрична енергија, Владата донесе одлука со која на општините и на Градот Скопје им се забранува да основаат јавно претпријатие, друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво за вршење дејност од јавен интерес – јавно осветлување, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски.

    Оваа одлука, како што кажа тој, е донесена поради тоа што сознанијата велат дека општините основале јавни претпријатија или дејности јавно осветлување или ја доделиле на постоечките јавни претпријатија.

    Градот Скопје и повеќето општини се правни лица со приходи од повеќе од 2 милиони евра и со повеќе од 50 вработени и како такви се на слободниот пазар, па со префрлањето на дејноста на јавни претпријатија, јавното осветлување оди на регулираниот пазар, каде што струјата е поевтина, поради високите берзански цени во моментов.

    На денешната владина седница е донесена одлука и да се обезбеди поевтина струја од 80 евра по мегават/час за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи.

    Владината одлука се однесува на компаниите кои што произведуваат основни прехранбени производи во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија.

    Со овие мерки компаниите, велат од Владата, производителите на основни прехранбени производи ќе имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја, што крајно ќе влијае и врз стабилизирање на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат од овие компании.

    Од Владата сметаат дека со ваква одлуката цените треба да се намалат за најмалку 10 отсто.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира