ВЛАДАТА ЈА ОГРАНИЧИ ЦЕНАТА НА ОГРЕВНОТО ДРВО НА 4.500 ДЕНАРИ ЗА КУБИК

    ВЛАДАТА ЈА ОГРАНИЧИ ЦЕНАТА НА ОГРЕВНОТО ДРВО НА 4.500 ДЕНАРИ ЗА КУБИКЦената на огревното достигна 5.300 денари за кубик во Скопје, а во внатрешноста до 5.000 денари. (Фото: СДК.МК)

    На денешната владина седница е донесена одлука за определување највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало, конкретно на огревно дрво од даб; огревно дрво од бука и пелети за огрев, соопштија Владата.

    Со одлуката, највисоките цени на огревното дрво од даб и бука се утврдени во висина до 4.500 денари за метар просторен (мпр), односно до 6.429 денари за метар кубен (м3).

    Од Владата додаваат дека престанува да важи одлуката за замрзнување на маржата на огревно дрво од даб и од бука и пелети за огрев за сите трговци во висина најмногу до 10 отсто.

    Цената на огревното достигна 5.300 денари за кубик во Скопје, а во внатрешноста до 5.000 денари.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира