ВЛАДАТА ЌЕ КУПИ 100 ВОЗИЛА ЗА „ПОШТА НА МАКЕДОНИЈА“, РЕЧЕ НИКОЛОСКИ

    ВЛАДАТА ЌЕ КУПИ 100 ВОЗИЛА ЗА „ПОШТА НА МАКЕДОНИЈА“, РЕЧЕ НИКОЛОСКИВо моментот на домашниот пазар работат 29 правни лица, од кои  28 приватни пошти и АД Пошта на Македонија. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за транспорт и врски Александар Николоски денес кажа дека Владата ќе купи 100 нови возила за АД Пошта на Македонија . Целта, како што кажа Николоски, е да се заштити државниот капитал и да се издигне Пошта на Македонија на поквалитетно ниво.

    „Работиме државната Пошта конечно да ја издигнеме со квалитет и да обезбедува најквалитетни услуги на пазарот. Мојата намера е да се крене Пошта, а не вака да пропаѓа како што пропаѓа и во таа насока повторно доаѓаме до ЕУ, а тое е барањето во Планот за раст да се подобри ефикасноста на услугите и намалување на трошоците за 15 %, како и подобрување на индикаторите за профитабилност за 15 %, што во услови кои ги кажав претходно не можеме да ги оствариме. Да најавам дека ќе има законски измени кои што ќе одат во насока да се променат работите “, кажа Николоски на состанокот на Агенцијата за пошти.

    Во моментот, на домашниот пазар работат 29 правни лица од кои  28 приватни пошти и АД Пошта на Македонија, како државна компанија со индивидуална дозвола за обезбедување универзална услуга.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира