ВЛАДАТА НАПРАВИ РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ СОГЛАСНО НАЈОПТИМИСТИЧНОТО СЦЕНАРИО ЗА КОРОНА-КРИЗАТА

    ВЛАДАТА НАПРАВИ РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ СОГЛАСНО НАЈОПТИМИСТИЧНОТО СЦЕНАРИО ЗА КОРОНА-КРИЗАТАМинистерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција за ребалансот на буџетот. (Фото: Влада)

    Владата го донесе ребалансот на буџетот за 2020 година чија цел е да ги финансира мерките за надминување на последиците од КОВИД-19 кризата и да го забрза процесот на опоравување на економијата, кажа денеска на прес-конференција министерката за финансии Нина Ангеловска.

    Со ребалансот, приходната страна на буџетот е намалена за 11,5 отсто и сега изнесува 3,2 милијарди евра, додека расходната страна е зголемена за 1,4 отсто и сега изнесува 3,9 милијарди евра. Буџетскиот дефицит е проектиран на 6,8 отсто, и како што кажа Ангеловска, е во линија со проекцијата на Европската комисија.

    Расходите се зголемени поради дополнителни средства за програмите за справување со кризата предизвикана од пандемијата на КОВИД-19, за што се предвидени дополнителни 3 милијарди денари.

    На почетокот на кризата, Министерството за финансии направи три сценарија за тоа како ќе се одрази кризата на економијата и сега Ангеловска вели дека ребалансот е направен врз основа на првото најоптимално сценарио.

    „Ние како Министерство за финансии направивме три сценарија за приходната страна на буџетот. Со ребалансот на буџетот се имплементира всушност најоптималното прво сценарио. Предвидено е кратење на приходите за 11,5%, на расходната страна, а има благ раст на зголемување на трошоците. Споредено со другите земји каде расходната страна се зголемува повеќе, ние го коригиравме само со 1,4%. Имајќи го предвид КОВИД-19 и средствата за помагање на економијата, овие средства се обезбедуваат од буџетот“, рече заменик министерката за финансии Ширете Елези.

    Од Министерството за финансии велат дека финансирањето на буџетскиот дефицит ќе се сервисира со поволни средства од меѓународни финансиски институции, повлекување на средства на домашен пазар преку државни хартии од вредност, како и со излегување со еврообврзница на меѓународниот пазар на капитал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира