ВЛАДАТА НЕ ЈА СПОРИ ПОТРЕБАТА ЗА РАЈСКАTA ГРАДИНА НА ИВИЦА КОНЕВСКИ, АМА НЕМА ДА ЈА ГРАДИ ЕЛЕМ

    ВЛАДАТА НЕ ЈА СПОРИ ПОТРЕБАТА ЗА РАЈСКАTA ГРАДИНА НА ИВИЦА КОНЕВСКИ, АМА НЕМА ДА ЈА ГРАДИ ЕЛЕМСпоред проектот, во паркот се предвидуваше да шетаат елени, срни, ретки видови птици, фазани, пауни, а среде паркот треба да има голем кафез со мајмуни.

    Државната компанија ЕЛЕМ нема да ги гради Рајскиот парк во Аеродром, ски терените на Водно и другите проекти кои што ги започна владата на поранешниот премиер Никола Груевски, било одлучено на вчерашната владина седница. Дали ќе се градат или не од Владата не кажуваат, но велат дека не ја спорат потребата од нивна градба.

    „Не ја спориме потребата и причината за проектите, но сите кои не се основни дејности на ЕЛЕМ, а за кои биле предвидени да се трошат буџетски пари во 2018 година распределени кај ЕЛЕМ сега се прекинуваат“, стои во изјавата од Владата објавена на државната агенција МИА.

    Рајската градина во Аеродром и ски терените на Водно чинат по 15 милиони евра. Според проектот кој го најави ексградоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски, во паркот се предвидуваше да шетаат елени, срни, ретки видови птици, фазани, пауни, а среде паркот треба да има голем кафез со мајмуни.

    Со одлука на Владата, АД ЕЛЕМ веќе нема да може да спроведува проекти надвор од основната дејност, како во изминатите години. Досега ЕЛЕМ спроведуваше или беше најавен како реализатор на десетина вакви проекти како што се жичара Попова Шапка, Рајски парк, пешачко-велосипедска патека на езеро „Козјак“, автокамп „Ливадиште“, ски центар Водно, плажа Дојран, ски центар Копанки на Пелистер, конгресен центар и катна гаража во Охрид. Владата одлучи АД ЕЛЕМ да не почнува никакви инвестициски активности за проекти надвор од основната дејност, а непочнатите проекти да не влегуваат во инвестициската програма за 2018 година.

    Владата ѝ наложила на компанијата и да се испита можноста за раскинување на склучените договори за кои не е почната реализација, во случај да не постојат финансиски импликации. За почнатите проекти, каде има облигациски односи и валиден договор, како што велат од Владата, ЕЛЕМ треба да испита во која фаза е реализацијата, односно анализа на состојбата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира