ПОРАДИ ТОПЛОТНИОТ БРАН ВЛАДАТА ПРЕПОРАЧА РАБОТА ОД ДАЛЕЧИНА И ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ТРУДНИЦИ И ЛИЦА НАД 60 ГОДИНИ ОД РАБОТНИ ОБВРСКИ

    ПОРАДИ ТОПЛОТНИОТ БРАН ВЛАДАТА ПРЕПОРАЧА РАБОТА ОД ДАЛЕЧИНА И ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ТРУДНИЦИ И ЛИЦА НАД 60 ГОДИНИ ОД РАБОТНИ ОБВРСКИВо следните денови се најавуваат температури до 41 Целзиусов степен низ земјата (Фото: К. Попов)

    Министерството за здравство објави дека согласно прогнозите од УХМР, денеска се активира фаза 3 заради превенирање на последиците од топлотниот бран врз здравјето на населението. Оваа фаза ќе трае до 8 јули.

    На предлог на Министерството, Владата донесе неколку препораки:

    – Ослободување од работни обврски на бремени жени и лица постари од 60 години, што не се однесува на вработените во критичната инфраструктура (здравство, полиција, армија, транспорт, енергетика, јавни комунални претпријатија).

    – Одложување на работниот процес во критичните часови (11:00–17.00) за работници изложени на директна топлина.

    – Работа од далечина, флексибилно или двократно работно време, каде што е изводливо.

    – Работодавачите да обезбедат микроклиматски услови за работа: простории со температура до 25 Целзиусови степени, освен таму каде што природата на работниот процес налага поинаку.

    – Сите здравствени установи, установи за згрижување стари лица и образовни институции да постапат согласно интерните протоколи за кризна состојба.

    Мерките имаат за цел да обезбедат континуирана и ефикасна заштита на здравјето на населението преку превентивно дејствување и соодветна институционална подготвеност“, кажаа од Министерството за здравство.

    Македонија, како и голем дел од јужна Европа, е погодена од топлотен бран. Во следните денови се најавуваат максимални температури од 32 до 41 Целзиусов степен низ земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира