ВЛАДАТА ТРЕБА ДА ФИНАНСИРА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, А НЕ ДА ГИ КУПУВА СО ТИЕ ПАРИ, ВЕЛИ ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ВЛАДАТА РАШКОВСКИ

    ВЛАДАТА ТРЕБА ДА ФИНАНСИРА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, А НЕ ДА ГИ КУПУВА СО ТИЕ ПАРИ, ВЕЛИ ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ВЛАДАТА РАШКОВСКИДраги Рашковски и Александар Кржаловски на денешната конференција „Предлог-модел за државно финансирање на граѓански организации во Македонија“, во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) (Фото.СДК:МК)

    Владата треба да дава пари на невладините организации, но не треба да бидат купени со тие пари, смета Драги Рашковски, генерален секретар на Владата.
    „Финансиите се лимитирани според буџетските можности, меѓутоа каква било друга помош секогаш ќе биде укажана ако е во насока на јакнење на јавниот интерес. Од нас, освен што ќе барате парични средства, барајте и друг вид помош“, рече Рашковски, на денешната конференција „Предлог-модел за државно финансирање на граѓански организации во Македонија“, во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).
    Александар Кржаловски од МЦМС, рече дека досега на оглас завршувале само 250 илајди евра за мали проекти до пет илјади евра.
    Учесниците на конференцијата повикаа дека е потребно државата да го зголеми државното финансирање на граѓанските организации, да има отворен повик, јасни критериуми и да се формира независна комисија која ќе ги оценува проектите, но и да се следи како парите се користат и организациите што ги користат да даваат отчет за ефектите како и за својата работа со доделените средства.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира