Митополитот преспанско-пелагониски Петар денеска е задржан на Меѓународниот аеродром Скопје по барање на Финансиската полиција, потврди владиката за САКАМДАКАЖАМ.МК. Од Финансиската полиција не ни одговорија зошто бил задржан владиката Петар.
Владиката Петар вели дека кратко бил задржан на аеродромот поради грешка во процедура, по што бил пуштен да го продолжи патувањето за Австралија, каде што тој исто така служи.
„За сите детаљи обратете се на мојот адвокат. Во моментов влегувам во авион, патувам за Австралија“, ни рече владиката Петар.
Г. ТРПЕНОСКИ