ВЛАСТА СЕ ПЛАШИ ДА НЕ ЗАВРШИ КАКО САНАДЕР, ГЕРМАНСКИОТ БУНДЕСТАГ ПОРАЧА ДЕКА НОВИ ИЗБОРИ НЕ СЕ ОПЦИЈА

    ВЛАСТА СЕ ПЛАШИ ДА НЕ ЗАВРШИ КАКО САНАДЕР, ГЕРМАНСКИОТ БУНДЕСТАГ ПОРАЧА ДЕКА НОВИ ИЗБОРИ  НЕ СЕ ОПЦИЈАРешението за формирање нова влада треба да се најде врз основа на резултатите од изборите од 11 декември, вели пратеникот од ЦДУ Торстен Фрај. - Германскиот Бундестаг

    Комисија за европски прашања во германскиот Бундестаг расправаше за кризата во Македонија и пратениците од двете најголеми партии ЦДУ и СПД се сложни дека нови избори не се опција, објави „Дојче Веле“. Јосип Јуратовиќ од социјалдемократите вели дека „парламентот се инструментализира од страна на неколку властодршци за нивни лични цели“ и обвини дека се плашат од „синдромот Санадер“.

    „Според мое мислење, таму се кристализираше клика, која ја злоупотребувала власта можеби за лично богатење. Дека овој сомнеж е оправдан покажуваат обидите да се спречи независно судство, што се прават обиди да се влијае врз сè. Во основа, оваа земја тапка во место и е, така да се каже, под контрола на определена клика. Имам впечаток дека сите се плашат од ‘синдромот Санадер’, но тоа е блага варијанта. ‘Синдромот Санадер’ во регионот значи дека кога Хрватска дојде до преговори за поглавјата 23 и 24 , премиерот заврши во затвор 6 години. Токму тоа се сака да се спречи, да се избегне. Оттука доаѓаат дискусиите за амнестија и други работи“, изјави Јуратовиќ за „Дојче Веле“.

     

    Членот на Комисијата од партијата на канцеларката Ангела Маркел, Торстен Фрај, во разговорот за „Дојче Веле“ кажа дека нови избори не се опција, но смета дека партиите треба повторно да седнат на маса.

    „Неопходна е нова иницијатива за партиите да седнат на една маса и да најдат решение. Излез може да бидат само разговори. Можеби има можност преку посредство и медијација однадвор вакви разговори да бидат поттикнати и да се отстранат пречките. Ќе бидам сосема отворен – не мислам дека нови избори се опција. Гласачите гласаа како што гласаа, многу тешко, многу компликувано кога станува збор за формирање мнозинство за влада. Но, така е како што е и решение мора да се најде врз оваа основа“, вели Фрај.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари