СО ВЛЕЗОТ ВО НАТО СЕ ЗАТВОРА ПРАШАЊЕТО ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОСТОИ КАКО ДРЖАВА, ВЕЛИ СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ

    СО ВЛЕЗОТ ВО НАТО СЕ ЗАТВОРА ПРАШАЊЕТО ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОСТОИ КАКО ДРЖАВА, ВЕЛИ СТЕВО ПЕНДАРОВСКИНационалниот координатор за НАТО Стево Пендаровски вели дека треба да се почека да се види каква ќе биде формулацијата во писмото што Грција го има испратено до ЕУ и до НАТО, иако генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг рече дека Македонија ќе добие покана после референдумот за договорот со Грција. (Фото: СДК.МК)

    Со влезот на Македонија во НАТО се затвора прашањето дали земјава ќе постои како држава или не, изјави националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски.

    „Не влегуваме во НАТО за економски придобивки, туку за стабилност, која секој инвеститор ја бара кога сака да инвестира. Да сакаше НАТО и САД да ја нема Македонија, ќе ја немаше. Со влезот во Алијансата, се затвора прашањето дали Македонија ќе биде држава или не“, рече Пендаровски на денешната дебата на тема „Позитивните и негативните аспекти од влезот во НАТО“.

    Дебатата беше организирана од Институтот за стратегија и развој.

    Пендаровски вели дека треба да се почека да се види каква ќе биде формулацијата во писмото што Грција го има испратено до ЕУ и до НАТО, иако генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг рече дека Македонија ќе добие покана после референдумот за договорот со Грција.

    „Треба да ги видиме формулациите во писмото од Грција, земја што досега правеше проблеми од нашето зачленување во НАТО. Грчкото Министерство за надворешни работи вети дека ќе биде чиста и јасна препораката и за ЕУ и за НАТО.“, вели Пендаровски.

    На прашањето дали власта сака да предложи измени на законот за референдум, за да го намали цензусот за референдумот, Пендаровски рече дека не е добро сега да се менуваат изборните правила.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира