ВМРО-ДПМНЕ ГИ БЛОКИРА РЕФОРМИТЕ ВО МЕДИУМИТЕ ЗА ДА СИ ГИ ЗАШТИТИ ПАРТИСКИТЕ ВОЈНИЦИ, ВЕЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЗНМ НАСЕР СЕЛМАНИ

    ВМРО-ДПМНЕ ГИ БЛОКИРА РЕФОРМИТЕ ВО МЕДИУМИТЕ ЗА ДА СИ ГИ ЗАШТИТИ ПАРТИСКИТЕ ВОЈНИЦИ, ВЕЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЗНМ НАСЕР СЕЛМАНИПретседателот на ЗНМ Насер Селмани на прес-конференција. (архивска фотографија)

    Претседателот на Здружението на новинари Насер Селмани апелираше до опозициската ВМРО-ДПМНЕ да престане да го блокира донесувањето на измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги преку фиктивна амандманска расправа во собраниската Комисија за транспорт и врски

    „Загрижени сме што опозициската ВМРО-ДПМНЕ, преку фиктивна амандманска расправа во собраниската комисија за транспорт и врски, го блокира донесувањето на измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Предложениот закон доби широка поддршка од новинарската заедница и помина меѓународна експертиза од ОБСЕ и Советот на Европа. Тој е клучен за почнување на медиумските реформи во Македонија, кои треба да го подобрат квалитетот на новинарството“, вели Селмани.

    Според претседателот на ЗНМ, ВМРО-ДПМНЕ ги блокира реформите во медиумите за да ги заштити нивните партиски војници во Програмскиот совет на МРТ и Советот на Агенцијата за медиуми.

    „Несфатливо е зошто ВМРО-ДПМНЕ се противи на изборот на нов состав на програмски совет на МРТ и на Советот на Агенцијата кога од нивниот глас зависи кој ќе биде избран.
    Јавно повикуваме, претседателката на Комисијата за транспорт, врски и екологија, Лилјана Затуровска идната недела да закаже продолжување на расправата по законот, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја прекинат лажната дебата и да дозволат Собранието да ги изгласа измените“, рече Селмани и побара од парламентарно мнозинство да ја преземе одговорноста и да ги деблокира реформите во медиумите, ако опозицијата продолжува да се однесува неконструктивно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира