ВМРО-ДПМНЕ И МИЦКОСКИ ДОНЕСОА НЕПРАВДА И НИВНА Е ОДГОВОРНОСТА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ПРАВОСУДСТВОТО, ВЕЛИ ЗАЕВ ЗА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

    ВМРО-ДПМНЕ И МИЦКОСКИ ДОНЕСОА НЕПРАВДА И НИВНА Е ОДГОВОРНОСТА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ПРАВОСУДСТВОТО, ВЕЛИ ЗАЕВ ЗА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВОВчера, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција повтори дека владиниот предлог за Законот за Јавно обвинителство е неприфатлив за неговата партија. - Заев и Мицкоски (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев преку видеопорака денеска ја повика опозицијата да го поддржи предложениот Закон за Јавно обвинителство, бидејќи, како што кажа тој, најголема одговорност има партијата што ѝ донесе неправда на земјата и Христијан Мицкоски како прв човек на таа партија

    „Ние сме пред конечниот чекор за ослободување на правосудството од стегите на режимот кој е зад нас. Огромна е одговорноста кај политичките субјекти во оваа борба за правната држава. Но, најголема одговорност има партијата што и донесе неправда на земјата и Мицкоски како прв човек на таа партија. Знам дека вие, граѓаните сте изморени од политички бојкотирање и одлагања и дека барате одлучни чекори. Затоа јас ќе продолжам уште порешително да ја повикувам и убедувам опозицијата да ги поддржи реформите“, изјави Заев.

    Премиерот вели дека ова е време во кое правдата стапува на сцена, време во кое не смее да има штедење во борбата против криминалот и корупцијата. „Никој не е привилегиран и никој нема да биде амнестиран. Го охрабруваме Јавното Обвинителство да продолжи, до последно во оваа борба, без разлика до кого ќе стигне низ истрагата. Ова е време на конечен пораз на ’заробената држава‘“, рече Заев.

    Вчера, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција повтори дека владиниот предлог за Законот за Јавно обвинителство е неприфатлив за неговата партија, бидејќи, според него, станува збор за пресметка со политичките неистомисленици, продолжување на политичкиот прогон и по можност затворање, односно угушување на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

    Тој побара и предвремени парламентарни избори, по можност во април или мај следната година.

    Работни групи на власта и опозицијата веќе имаа две средби за Законот за Јавно обвинителство. Разговорите во име на ВМРО-ДПМНЕ ги води Антонијо Милошоски, осомничен од СЈО во истрагата „Моќник“. Милошоски, со партиската придружба на преговорите за Законот, барал да се централизира Обвинителството за висока корупција кај што ќе биде сегашното СЈО, под Јавниот обвинител на Република Северна Македонија. Со други зборови, ако „падне“ државниот обвинител, да падне целото Обвинителство за висока корупција кое со тие од СЈО ќе брои 27 обвинители.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира