ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ БАРА МИСЛЕЊЕ ОД ВЕНЕЦИСКАТА КОМИСИЈА ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

    ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ БАРА МИСЛЕЊЕ ОД ВЕНЕЦИСКАТА КОМИСИЈА ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈАДраган Данев го повтори партискиот став дека надлежна за договорот била Комисијата за надворешни работи, а не Комисијата за европски прашања. (Фото: СДК.МК)

    Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев најави дека неговата партија ќе го испрати на толкување договорот со Грција за решавање на спорот за името до Венециската комисија да се утврди правната природа на договорот.

    Тој на денешната прес-конференција во Собранието, го повтори партискиот став дека надлежна за договорот била Комисијата за надворешни работи, а не Комисијата за европски прашања, каде што беше распореден порадо европското знаменце.

    За бојкотот на седницата за ратификација на договорот, Данев рече дека не сакаат да дадат легитимитет на, како што кажа, кршењето на уставот, законите и деловникот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира