Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски вели дека ВМРО-ДПМНЕ не го блокира Собранието, туку неговата партија практикува демократија.
Тој рече дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го црпат правото за дебатирање од демократијата, а проблем е тоа што пратениците од СДСМ не се пријавени за дебата.
„Деловникот на Собранието дава две алтернативи за предлагење кандидат за претседател на Собранието, а тоа е преку Комисијата за избори и именувања и преку предлог на 20 пратеници. Едната алтернатива не ја поништува другата. Легитимно е 20 пратеници да го предложат Џафери, но, тие не смеат да го блокираат правото на Комисијата или на други 20 пратеници да предложат кандидат“, рече Димовски, кој не одговори дали ВМРО-ДПМНЕ има кандидат за претседател на Собранието.