ВМРО-ДПМНЕ СО ПОТПИСИ ОД 30 ПРАТЕНИЦИ ПРЕДЛОЖИ ВО СОБРАНИЕТО ФОРМИРАЊЕ АНКЕТНА КОМИСИЈА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ

    ВМРО-ДПМНЕ СО ПОТПИСИ ОД 30 ПРАТЕНИЦИ ПРЕДЛОЖИ ВО СОБРАНИЕТО ФОРМИРАЊЕ АНКЕТНА КОМИСИЈА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТНа барањето за формирање анкетна комисија за испитување на целиот процес на гласањето на референдумот на 30 септември потпишани се триесет пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. - Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев (Фото:СДК.МК)

    ВМРО-ДПМНЕ до Собранието поднесе предлог-одлука за формирање анкетна комисија за испитување на целиот процес на гласањето на референдумот на 30 септември. На предлог-одлуката потпишани се триесет пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Основаните сомнежи за сторен фалсификат на правото на граѓаните за гласање, односно негласање, мора да се расчистат. Довербата на граѓаните во институциите е сериозно нарушена и некој мора да сноси одговорност“, соопшти пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

    Покрај кампањата, комисијата, според предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе има задача да ги провери индициите дека на одредени избирачки места има нерегуларности, односно полнење на избирачките кутии и да утврди дали за време на референдумската кампања постоело поткуп на гласачите, како и притисоци од владини и партиски функционери од власта.

    Формирање анкетна комисија за референдумот е едно од двете барања на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за партијата да прифати предвремени парламентарни избори, кои ги најави премиерот Зоран Заев во случај да нема двотретинско мнозинство во Собранието за уставни промени. Другото барање е избор на нов државен јавен обвинител по предлот на опозицијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира