Влатко Ѓорчев прогласи победа на ВМРО-ДПМНЕ со разлика од 20 илјади гласови, додека СДСМ слави пред Влада, а последните резултати од партиските штабови се со израмнет број на пратеници 51:51.
Ѓорчев, на прес-конференцијата во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека владејачката партија победила на денешните предвремени парламентарни избори, што е, како што кажа, десетта победа по ред.
Пред Владата слави СДСМ, каде досега се појавија Стево Пендаровски и Радмила Шеќеринска, а се очекува и Зоран Заев.