Во штабот на ВМРО-ДПМНЕ се слави победа на локалните избори со зурли и тапани и од партијата велат дека победиле во првиот круг во над 15 општини.
Според неофицијалните податоци, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ победиле во Прилеп, Неготино, Кавадарци, Могила, Новаци, Градско, Илинден, Сопиште, Петровец, Јегуновце, Карбинци, Зрновци, Кратово, Свети Николе, Виница, Босилово, Штип и Велес, а водат во Битола, Охрид, Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба и Ѓорче Петров.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски напиша на Фејсбук: „Народот е определен. Надежта e родена. За секој човек во Македонија. Заеднички за новата иднина. Победа и голема одговорност! Ви благодарам народе на Македонија!„
Од СДСМ пак велат дека победиле во првиот круг во Делчево, Валандово, Дојран и Крива Паланка, додека можност за победа во првиот круг имаат во Струмица, Ресен, Крушево и Лозово, а водат и во Скопје, Центар, Карпош, Бутел, Берово, Пробиштип, Богданци и Пехчево.
Во Куманово, независниот кандидат Максим Димитриевски кажа дека освоил најмногу гласови во првиот круг, т.е. води во 70 отсто од избирачките места.