ВМРО-НП НА ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ ПОВИКА ПОКРАЈ БОЈКОТ НА МАРКЕТИТЕ ДА СЕ БОЈКОТИРА И ЕКСЈУ МУЗИКАТА

    ВМРО-НП НА ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ ПОВИКА ПОКРАЈ БОЈКОТ НА МАРКЕТИТЕ ДА СЕ БОЈКОТИРА И ЕКСЈУ МУЗИКАТАХрватската поп-ѕвезда Северина лани од општината добила 25.000 евра за настапот во Крива Паланка (Фото: СДК.МК)

    Опозициската ВМРО-Народна партија на Љубчо Георгиевски повика кон општиот бојкот на потрошувачите на македонските маркети да се додаде и општ бојкот на концертите на пејачите и групите од поранешна Југославија, сметајќи дека така ќе ѝ се помогне на македонската музика.

    Оттаму велат дека економската комисија на партијата направила длабока анализа, констатирајќи дека во последната година имало драстично поскапување на билетите за концерти и музички настапи, од што најмногу профитирале пејачите и групите од поранешна Југославија.

    За настап во дискотека на група или пејач од бивша Југославија цената се движи околу 30.000 евра. Затоа ВМРО-Народна партија предлага кон општиот бојкот на македонските маркети да се додаде и бојкотот на сите овие настапи. На тој начин, македонскиот потрошувач не само што лично ќе заштеди повеќе средства, туку и ќе им помогне на македонската музика и на македонската економија во целина“, соопшти ВМРО-Народна партија.

    На последните парламентарни избори ВМРО-НП настапи во коалиција со СДСМ, но не успеа да освои ниеден пратеник.

    Од јануари до октомври 2024, македонските општини потрошиле 961.000 евра на пејачи и други забавувачи, се вели во анализата на Центарот за граѓански комуникации. Лани за оваа намена биле потрошени 1,11 милиони евра.

    Хрватската поп-ѕвезда Северина Вучковиќ е најплатена пејачка од македонските Oпштини, со 25 илјади евра за настапот во Крива Паланка на манифестацијата „Град на културата“ во август 2024. Иако таа е најскапо платена од регионалните пејачи, сепак во 2024 најмногу вкупно пари добила нејзината хрватска колешка Јелена Розга, 42 илјади евра, за два настапи, во Берово и во Штип. Во 2023 пак, најскапо бил платен српскиот пејач Саша Ковачевиќ, кој од Штип добил речиси 26 илјади евра, а на второ место е Даниела Мартиновиќ која од истата Општина добила 14 илјади евра, дури 10 илјади помалку од нејзиниот колега Ковачевиќ. Речиси колку Даниела Мартиновиќ добил и Жељко Самарџиќ од Општина Берово.

    МОЖЕ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА И ОВА:

    СЛЕДЕТЕ ГО ЈУТЈУБ КАНАЛОТ НА СДК.МК

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира