ВО БИТОЛА ПРОТЕСТАНТИТЕ И КОНТРАПРОТЕСТАНТИТЕ СЕ ЗБУНИЈА

    ВО БИТОЛА ПРОТЕСТАНТИТЕ И КОНТРАПРОТЕСТАНТИТЕ СЕ ЗБУНИЈА

    Демoнстрантите вечерва си ги сменија местата и ги збунија битолчани. Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) тргна од пред Споменикот на Стив Наумов кај Офицерскиот дом, каде изминатите денови се собираа битолчани кои протестираа за оставка на градоначалникот Владимир Талески.  „Протестирам“ овој пат тргна од пред Споменикот на Филип Втори, каде вообичаенo беа собирите за поддршка на власта.

    Многу учесници од двете страни тргнаа по автоматизам кон традиционалните собирни места. Се изненадуваа кога ќе ги здогледаа лавчето на ГДОМ и трнаспарентите со шарена револуција, препознатливи за различните страни. Се распрашуваа и брзо се приклучуваа кон своите.

    Битолчани денеска го бараа градоначалникот да излезе на терасата од обоената општинска зграда, ама тој не бил на работа (аматерска фотографија)

    Битолчани денеска го бараа градоначалникот да излезе на терасата од обоената општинска зграда, ама тој не бил на работа (аматерска фотографија)

    Во Битола вечерта помина мирно, откако напладне антивладините протестанти повторно ја гаѓаа општинската зграда со боја и бараа оставка од градоначалникот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира