ВО ДЕКЕМВРИСКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА ПО ГРЕШКА Е СТАВЕН И НОВИОТ НАДОМЕСТОК ЗА МРЕЖА ОД 200 ДЕНАРИ, ВО ЈАНУАРСКИТЕ ЌЕ ГО НЕМА

    ВО ДЕКЕМВРИСКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА ПО ГРЕШКА Е СТАВЕН И НОВИОТ НАДОМЕСТОК ЗА МРЕЖА ОД 200 ДЕНАРИ, ВО ЈАНУАРСКИТЕ ЌЕ ГО НЕМАПретседателот на Регулаторна комисија за енергетика Марко Бислимоски. (Фото: СДК.МК)

    Во сметките за струја кои граѓаните ги добија за месец декември ставен е и надоместокот од 200 денари за пристап до мрежа. Оваа давачка, како што најавија од Регулаторната комисија за енергетика, требаше да почне да се плаќа од јануари.

    Претседателот на Регулаторна Марко Бислимоски вели дека затоа за месец јануари нема да се плаќа пристап до мрежа.

    „Имавме средба со претставници на Електродистрибуција и бидејќи сметките веќе се испечатени и пратени, договоривме овој надоместок да го нема во јануарските. Потоа од февруарските сметки ќе има 200 денари надоместок за пристап до мрежа”, кажа Бислимоски.

    Во месечната фактура, освен цената на електрична енергија и цената за мрежарината во која што влегува пренос и дистрибуција, ставката за дистрибуција се раздвојува и со потставка пристап до мрежа.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира