ВО МАКЕДОНИЈА ДЕЦАТА ПУШАТ ЦИГАРИ ОД 13 ГОДИНИ, 40 ОТСТО ОД МЛАДИТЕ СЕ ПУШАЧИ, ВЕЛИ НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ

    ВО МАКЕДОНИЈА ДЕЦАТА ПУШАТ ЦИГАРИ ОД 13 ГОДИНИ, 40 ОТСТО ОД МЛАДИТЕ СЕ ПУШАЧИ, ВЕЛИ НОВО ИСТРАЖУВАЊЕАнализите покажуваат дека на младите под 18 години не им се забранува продажба. (Фото: К. Попов)

    Во Македонија младите почнуваат да пушат на 13 години, а 40 отсто од популацијата до 18 години се пушачи, покажаа анализите на „Аналитика тинк тенк“, независна институција за истражување на јавните политики.

    „Македонија сѐ уште се рангира како една од земјите со повисоки стапки на пушење , но нас нѐзагрижува фактот што анализите покажуваат дека на младите под 18 години не им се забранува продажба и апелираме дека треба да се почитува законската регулатива. Ако ја гледаме и фискалната страна, добро е и да се зголемат цените на овие нови производи кои најмногу ги користат младите сега. Според нашите анализи, тие имаат ниска цена и има простор за зголемување на акцизаата што би ја покачила цената и би ги направила помалку достапни. Друга работа е што треба да бидат препознаени во Законот за заштита од пушење, бидејќи сѐ уште не се препознаени како такви, фигурираат како нови производи. Штом се препознаат, ќе се добие една перцепција дека и не се и така побезбеден производ како што сите некако имаме перцепција“, рече Тамара Мијовиќ-Спасаова од „Аналитика тинк тенк“ на регионалната работилница „Јакнење на соработката меѓу медиумите, експертите и институциите за подобри политики за контрола на тутунот и заштита на јавното здравје во Западен Балкан“.

    Мијовиќ-Спасова кажа дека е важно од рана возраст да се едуцираат младите за штетите од пушењето за здравјето, а министерката за образование и наука Весна Јаневска додаде дека во основното и средното образование се работат програми за здравствена писменост, како и дека во седмо одделние е воведен изборен предмет Учам за моето здравје.

    Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) лани во ноември ја отвори и линијата (078/285-873) за откажување од пушење цигари „Не пуши, откажи се“ која работи секој понеделник и среда, од 11 до 13 часот.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира