ВО МАКЕДОНИЈА ЖИВЕАТ 58,44% МАКЕДОНЦИ, 24,3% АЛБАНЦИ И 7,2% КОИ ГО БОЈКОТИРАЛЕ ПОПИСОТ, А ВО ДИЈАСПОРАТА 66,36% АЛБАНЦИ И 24,45% МАКЕДОНЦИ

    ВО МАКЕДОНИЈА ЖИВЕАТ 58,44% МАКЕДОНЦИ, 24,3% АЛБАНЦИ И 7,2% КОИ ГО БОЈКОТИРАЛЕ ПОПИСОТ, А ВО ДИЈАСПОРАТА 66,36% АЛБАНЦИ И 24,45% МАКЕДОНЦИСпоред пописот од 2021 година, во Скопје живеат 526.502 граѓани, што е зголемување од 3,9 отсто во споредба со пописот од 2002 година. (Фото: СДК.МК)

    Во Македонија живеат 58,44 отсто Македонци, 24,3 отсто Албанци, 3,86 отсто Турци, 2,53 отсто Роми, 1,3 отсто Срби, 0,87 отсто Бошњаци и 0,47 отсто Власи, според резултатите од пописот од 2021 година, денеска соопштени од директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симевски.  7,2 отсто, или 132.260 граѓани, се попишани од административни извори и тие не влегуваат во процентите на националности.

    Според резултатите од самопопишувањето, во дијаспората се 66,36 отсто Албанци и 24,45 отсто Македонци.

    Кога ќе се соберат бројките од резидентното население во Македонија и самопопишаните македонски државјани во странство, 54,21 отсто се Македонци, 29,52 отсто се Албанци, 3,98 отсто се Турци, 2,34 отсто се Роми, 1,18 отсто се Срби, 0,87 отсто се Бошњаци и 0,44 отсто се Власи.

    Во Македонија се попишани 1.836.713 граѓани, а во дијаспората 260.606, за вкупна бројка од 2.097.319. Според пописот од 2021 година, во Скопје живеат 526.502 граѓани, што е зголемување од 3,9 отсто во споредба со пописот од 2002 година.

    Претходниот попис, во 2002 година, беше со следните бројки: Македонци 64,17%, Албанци 25,17%, Турци 3,85%, Роми 2,66%, Срби 1,77%, Бошњаци 0,84% и Власи 0,47%.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира