В петок ќе се бираат новите министри и заменици-министри во Владата. На 1 јуни е закажана Собраниската седница за реконструкција на Владата, на која на дневен ред ќе бидат избор на нови министри. Седницата мора да заврши до полноќ.
Реконструкцијата на Владата се случува една година по формирањето на новата Влада на премиерот Зоран Заев.
За нови министри се предложени Рената Дескоска за правда, Арбр Адеми за образование, Асаф Адеми за култура и Бардил Даути без ресор. За заменици министри се предложени Андреј Жерновски за заменик министер за надворешни работи, Асим Муса за заменик министер за здравство, Ѓонул Бајрактар за заменик министер за труд и социјална политика и Садик Беќири за заменик министер за транспорт и врски.
В четврток во Собранието закажана е седница за пратенички прашања.