ЗА ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ ОД „МОЈ ДДВ“ ИСПЛАТЕНИ ОКОЛУ 8 МИЛИОНИ ЕВРА

    ЗА ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ ОД „МОЈ ДДВ“ ИСПЛАТЕНИ ОКОЛУ 8 МИЛИОНИ ЕВРАОд јануари до март 2022 година, скенирани се 73.041 591 фискални сметки. (Фото: УЈП)

    За правите три месеци од годинава преку мерката за повраток на ДДВ од скенирани сметки исплатени се 491,5 милиони денари или околу 8 милиони евра. Од Управата за јавни приходи велат дека средства се исплаќаат  и кај оние корисници кои во текот на изминатите месеци направиле  корекции на трансакциските сметки и истите ги ажурирале во нивниот кориснички профил.

    „Во првите три месеци од годинава, односно од јануари до март 2022 година, скенирани се 73.041.591 фискални сметки.  Интересот на граѓаните за користење на оваа мерка секојдневно расте, и само во првото тримесечје од годинава регистрирани се нови 15. 777 корисници на апликацијата Мој ДДВ, а вкупниот број на регистрирани корисници  досега изнесува 457.090’, велат од УЈП.

    Од Управата за јавни приходи апелираат, граѓаните да внесат точни податоци во апликацијата ,,Мој ДДВ” со цел навремена исплата.

    Крајната горна граница на исплата која граѓаните може да ја добијат како поврат од „Мој ДДВ“ е 1.800 денари за едно тримесечје, или 7.200 денари годишно по лице.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира