ВО ШТИП УТВРДИВМЕ ДЕКА ЗА 56 ПАЦИЕНТИ СЕ ГРИЖАТ 4 СЕСТРИ, УТРЕ ГО ЧЕКАМЕ КОНЕЧНИОТ ИЗВЕШТАЈ КАКО Е ЛЕКУВАНА 41-ГОДИШНАТА ЖЕНА, РЕЧЕ СОТИРОВА-БУХОВА

    ВО ШТИП УТВРДИВМЕ ДЕКА ЗА 56 ПАЦИЕНТИ СЕ ГРИЖАТ 4 СЕСТРИ, УТРЕ ГО ЧЕКАМЕ КОНЕЧНИОТ ИЗВЕШТАЈ КАКО Е ЛЕКУВАНА 41-ГОДИШНАТА ЖЕНА, РЕЧЕ СОТИРОВА-БУХОВАИзвештаите од Инспекторатот се предадени во Министерството за здравство каде е инициран вонреден стручен надзор. (Фото: К. Попов)

    Инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекорат (ДСЗИ) спровеле и завршиле 7 вонредни инспекциски надзори за смртта на помлади пациенти кои починале по компликации од ковид-19, рече на редовната прес-конференција во Владата директорката Ирина Сотирова-Бухова. Таа кажа дека извештаите се предадени во Министерството за здравство каде е инициран вонреден стручен надзор.

    Во врска со случајот со 41-годишната пациентка која на 14 ноември во утринските часови почина по компликации од ковид-19 на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип, ДСЗИ со решение му наредиле на директорот да се состане Комисијата за следење на квалитет која ќе ја утврди фактичката состојба за спроведеното лекување на пациентката и околностите кои довеле до смртен исход.

    Ќерката на починатата жена на Фејсбук објави скриншотови од нејзиниот телефон, каде се гледа дека хоспитализираната жена 2 дена упорно од болничкиот кревет им вртела на медицинските сестри, им пратила и смс-порака дека ѝ треба кислород, но според скриншотовите, никој не ѝ вратил ниту дошол, по што починала. Според нејзината ќерка, жената претходно немала никакви заболувања, а на Инфективното одделение се лекувала од 6 ноември. Ќерката, исто така, објаснува дека не добивале никакви информации за состојбата на мајка ѝ.

    „ Директорот е задолжен во рок од три дена, писмено да го извести ДСЗИ за наодот од извршената контрола на Комисијата. Утре е третиот ден и доколку не се постапи, ДСЗИ ќе изврши надзор за констатирање на непостапување по решение“, рече директорката.

    Од она што утврдиле од ДСЗИ на терен, е дека на Инфективното одделение во Штип лежат 56 пациенти, за кои се грижат два тима кои се на смена по 12 часа. Во секоја смена има по тројца доктори, од кои еден е инфектолог, а другите двајца се со сродни специјалнисти кои ротираат меѓу одделенија. Во една смена има по 4 сестри, од кои најмалку две се од матичното инфективно одделение.

    „Констатирано е дека во секоја соба за болните е истакнат телефонски број кој служи за комуникација меѓу пациентите и персоналот. ДСЗИ му наложи на директорот под итно да ја свика Комисијата и да се испоира целокупната постапта во лекувањето на пациенткта. Утре ги чекаме конкретните нивни наоди“, кажа д-р Сотирова-Бухова.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира