ЗДРАВСТВЕНИ ИНСПЕКТОРИ ЈА ИСПИТУВААТ СМРТТА ОД КОВИД-19 НА 8 ПАЦИЕНТИ

    ЗДРАВСТВЕНИ ИНСПЕКТОРИ ЈА ИСПИТУВААТ СМРТТА ОД КОВИД-19 НА 8 ПАЦИЕНТИВо изминатите два месеци, иницирани се четири надзори за пациент од Свети Николе, два од Струмица и од Ресен; - Директорката на ДСЗИ, д-р Ирина Сотирова-Бухова. (Фото: К. Попов)

    Се испитува смртта на 8 пациенти кои починале по компликации од ковид-19, соопшти Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Во изминатите два месеци, иницирани се четири надзори за пациент од Свети Николе, два од Струмица и од Ресен.

    Од ДСЗИ велат дека во тек се инспекциските надзори за починати пациенти од Тетово, Кавадарци, Битола и Крива Паланка. Од страна на ДСЗИ, во наредниот период ќе бидат извршени за уште четири пациенти починати од ковид-19.

    Во врска со случајот со 41-годишната пациентка која на 14 ноември во утринските часови почина по компликации од ковид-19 на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип, ДСЗИ со решение му наредиле на директорот да се состане Комисијата за следење на квалитет која ќе ја утврди фактичката состојба за спроведеното лекување на пациентката и околностите кои довеле до смртен исход.

    „ Директорот е задолжен во рок од три дена, писмено да го извести ДСЗИ за наодот од извршената контрола на Комисијата. Независно од работата на Комисијата, во текот на денешниот ДСЗИ ќе иницира стручен надзор над работата на здравствената установа и здравствените работници во врска со третманот на пациентката“, стои во нивното соопштение.

    Според Министерството за здравство, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.134 и има колку 100 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира