ВО СОБРАНИЕТО ИЗГЛАСАНИ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СПОРНИТЕ ГЛАСАЧИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВО СОБРАНИЕТО ИЗГЛАСАНИ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СПОРНИТЕ ГЛАСАЧИ

    Пратениците ноќеска на полноќ со 92 гласа „за“, три „против“ и еден „воздржан“ по скратена постапка ги изгласаа измените на Изборниот законик што се дел од најновиот договор што четирите партии го постигнаа во средата заради излез од политичката криза.

    Според измените, на Државната изборна комисија (ДИК) ќе и биде дозволено да избрише од избирачкиот список 39.502 гласачи, ако тие активно не се регистрираат во наредниот период. Освен тоа, се одобрува и дополнителен избирачки список на ДИК од 171.500 гласачи за кои се смета дека се во странство, но за нив не е спорно правото на глас.

    Измените на законот беа поднесени од пратениците Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Сугарески од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира