ВО СОБРАНИЕТО ЌЕ СЕ ОТВОРИ ЖЕНСКА СОБА ЗА ДЕБАТА

    ВО СОБРАНИЕТО ЌЕ СЕ ОТВОРИ ЖЕНСКА СОБА ЗА ДЕБАТАПретседателот на Собранието Талат Џафери најави дека ќе започне проект за чување и промоција на придонесот на жените пратенички и носители на функции во Собранието и на работните тела. - Пратенички на ВМРО-ДПМНЕ на денешната свеченост во Собранието по повод 15 години од функционирањето на Клубот на пратенички (Фото: М. Златевска)

    Во Собранието ќе се отвори женска соба во која пратеничките ќе можат да дебатираат за решавање на проблемите на жените.

    Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека ќе започне проект за чување и промоција на придонесот на жените пратенички и носители на функции во Собранието и на работните тела.

    „Тоа ќе биде еден скромен, но, значаен придонес и оддавање на признание за улогата на жените политичарки во Собранието и тоа ќе овозможи институционална меморија за идните генерации“, рече Џафери, по повод 15 години од функционирањето на Клубот на пратенички во Собранието и по повод Денот на жената 8-ми март.

    Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието и една од основачите на Клубот на пратенички, рече дека не верувала дека по 15 години од формирањето Клубот ќе постигне големи резултати во заштита на правата на жената.

    „Има присутни над 45 пратенички. Не има и од опозиција и од позиција, иако во моментов има политички судири. Мора да им испратиме порака на политичарите дека сме задоволни од постигнатото, но, не сме задоволни што сè уште не сметаат како бројки и квота. Истанбулската конвенција треба да ни биде устав за нашето идно работење“, рече Иванова. Таа побара од мажите политичари да не им купуваат поклони и цвеќе, туку поддршка во борбата за родова еднаквост.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира