ВО СОФИЈА СЕ ПРОТЕСТИРАШЕ ЗА ПОДДРШКА НА ПОВРЕДЕНИОТ СЕКРЕТАР НА „БОРИС ТРЕТИ“, БУЈАР ОСМАНИ УТРЕ ЌЕ ОДИ ДА ГО ПОСЕТИ

    ВО СОФИЈА СЕ ПРОТЕСТИРАШЕ ЗА ПОДДРШКА НА ПОВРЕДЕНИОТ СЕКРЕТАР НА „БОРИС ТРЕТИ“, БУЈАР ОСМАНИ УТРЕ ЌЕ ОДИ ДА ГО ПОСЕТИЕвропратеникот Ангел Џамбаски пред протестот достави писмо до Европската комисија во кое бара прекинување на преговорите со Македонија. - Од денешниот протест пред зградата на Европската комисија во Софија (Фото: БТВ/принтскрин)

    Денеска пред зградата на Европската комисија во Софија се одржа протест за поддршка на повредениот секретар на бугарскиот клуб „Борис Трети“ во Охрид,  именуван по фашистичкиот окупатор на Македонија во Втората светска војна, кој завчера беше нападнат во угостителски објект на кејот на Охрид.

    На протестот зборуваше Виктор Стојанов од бугарската фондација „Македонија“, кој тврди дека повредениот секретар на „Борис Трети“ не добил никаква нега во охридската болница, а од полицијата кажале „дека нема да интервенираат затоа што бил Бугарин“

    Европратеникот Ангел Џамбаски пред протестот достави писмо до Европската комисија во кое бара прекинување на преговорите со Македонија.

    Бугарското МНР во меѓувреме соопшти дека бугарскиот и македонскиот министер, Николај Милков и Бујар Османи, ќе го посетат утре секретарот на „Борис Трети“ во болницата во Софија, каде што беше пренесен вчера од Охрид со бугарски владин авион.

    Според извори од охридската полиција, пријавените три лица за нападот ѝ биле познати како нарушители на јавниот ред и мир, а тепаниот секретар на клубот „Борис Трети“ на 17 декември е пријавен во обвинителството откако полицијата кај него нашла кокаин. Тие имале меѓусебни лични нарушени односи од порано.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира