ВО ТЕК Е ПРЕДИСТРАЖНА ПОСТАПКА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА АЛБАНСКИ ТЕАТАР, КАЖА МИНИСТЕРОТ АДЕМИ

    ВО ТЕК Е ПРЕДИСТРАЖНА ПОСТАПКА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА АЛБАНСКИ ТЕАТАР, КАЖА МИНИСТЕРОТ АДЕМИМинистерот за култура Асаф Адеми и директорот на Албанскиот театар, Адем Карага во јули годинава. (Фото: Министерство за култура)

    Министерот за култура Асаф Адеми потврди дека е во тек предистражна постапка за реконструкцијата на Албанскиот театар во Скопје, која трае веќе петта година по ред. Изградбата наместо 8, чини 9, 1 милион евра.

    Министерството за култура во петокот ја објави анализата на реализацијата на реконструкцијата на Албанскиот театар, што ја изработи работната група во состав: Слаѓана Тасева-координатор и адвокатот Фидан Даскалов. Групата беше формирана на 31 јули годинава, а увид во документацијата вршеле во септември и октомври.

    Анализа на реализацијата на реконструкција на објектот НУ Албански театар – Скопје

    Зградата почна да се реновира во јануари 2014, и тогашниот премиер Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, најавија дека ќе биде готов до септември 2015 и ќе чини 8 милиони евра. Во 2015, фирмата изведувач „Ламоне Мореда“ од Италија банкротираше и обврските ги презема „Шенција“ исто така од Италија.

    На новинарско прашање на денешниот брифинг, дали откако Специјалното јавно обвинителство почнало предистражна постапка за случајот, Министерството ќе го поднесе извештајот до Владата на Македонија и до Основното јавно обвинителство, Адеми рече: „Како и вашите сознанија, и јас имам информиција дека има предистражна постапка од одредено обвинителство и не би сакал да зборувам околу истрагата.
    Јас не сум истражен орган, но од разговорите со правната служба, извештајот нема потреба дополнително да се поднесува до други институции, доколу веќе има постапка од друг орган. Јас повторно ќе се консултирам со правниците и доколку треба, извештајот ќе го испратиме до Влада или до ОЈО. Иако јас лично не гледам потреба, бидејќи анализата е целосно објавена на сајтот на Министерството“.

    Меѓу заклучоците од обемната анализа, меѓу другото е наведено дека постапките се водени од несоодветни лица, дека за сите одлуки биле информирани Министерството за култура и Бирото за јавни набавки и дека вредноста е проектот е зголемена во време на тендерска постапка за 67.779.000 денари.

    Во анализата стои и дека „главната подружница на ‘Ламоне Мореда’ во Македонија е продадена на ‘Шенција’ ДОО Италија. Со тоа во Македонија се формирани две главни подружници на иста компанија ‘Шенција’, што е спротивно на закон“ и „во врска со Договорот склучени се вкупно 10 анекси со кои вкупната вредност на договорот е зголемена за вкупно 142. 585. 420. 19 денари со ДДВ што е зголемување на 28. 77 отсто во износот со ДДВ“.

    Адеми додаде дека реконструкцијата се очекува да биде готова до крајот на годинава, и дека првата претстава се очекува во март 2019 година.

    МИНИСТЕРОТ АДЕМИ ЌЕ ЧЕСТИ РУЧЕК АКО АЛБАНСКИ ТЕАТАР БИДЕ ГОТОВ ВО ОКТОМВРИ

    МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА АДЕМИ ЈА ИЗБРАЛ СЛАЃАНА ТАСЕВА ДА ПРАВИ РЕВИЗИЈА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА АЛБАНСКИОТ ТЕАТАР

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира