Советот за оценка на обвинението за случај „Моќник“ против 13 лица, вклучувајќи ги и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски и татко му, ги одби приговорите на обвинетите и во целост го одобри обвинителниот акт, соопшти Основниот кривичен суд.
„Предметот кој е оформен по одобрениот обвинителниот акт согласно АКМИС – системот ќе биде распределен кај судија за понатамошно судење и по насрочување на главната расправа странките и јавноста ќе бидат дополнително известени“, додаваат од судот.
- ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ПРАТЕНИКОТ НА ВМРО-ДПМНЕ МИЛОШОСКИ И ТАТКО МУ ЗА КУПЕНАТА ЗГРАДА СО ИЗМАМА И ЗА НАРАЧАНАТА ЛУСТРАЦИЈА НА СУДИЈА
- ЧЛЕНОТ НА ДИК ОД СДСМ ЈАНАКЕ ВИТАНОСКИ И ВЕЦКО ЗДРАВЕВСКИ, СОПРУГ НА СКОПСКА ОБВИНИТЕЛКА, ОБВИНЕТИ СО МИЛОШОСКИ ВО „МОЌНИК”
Обвинението го поднесе од Скопското обвинителство кое презеде голем дел од истрагите на поранешното СЈО, по истрагата која ја водеше обвинителката Фатиме Фетаи. Поднесен е и обвинителен предлог против 10 лица за истиот предмет. Сите 13-мина се товарат за вмешаност во нелегална продажба на објект во село Ижишта (Општина Македонски Брод), кој го користела општина Пласница.
Двајца од обвинетите се обвинети дека сториле Измама, а третообвинетиот Милошоски, Измама и Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2 од Кривичниот законик, каде најниската казна е 5 години затвор. Со Обвинителниот предлог опфатените 10 лица се товарат дека сториле едно кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2.