ВО ЦЕЛОСТ ОДОБРЕНО ОБВИНЕНИЕТО ПРОТИВ МИЛОШОСКИ И ТАТКО МУ ЗА КУПЕНАТА ЗГРАДА СО ИЗМАМА И ЗА НАРАЧАНАТА ЛУСТРАЦИЈА НА СУДИЈА, НАСКОРО ПРВОТО РОЧИШТЕ

    ВО ЦЕЛОСТ ОДОБРЕНО ОБВИНЕНИЕТО ПРОТИВ МИЛОШОСКИ И ТАТКО МУ ЗА КУПЕНАТА ЗГРАДА СО ИЗМАМА И ЗА НАРАЧАНАТА ЛУСТРАЦИЈА НА СУДИЈА, НАСКОРО ПРВОТО РОЧИШТЕОбвинението за „Моќник“ го поднесе од Скопското обвинителство кое презеде голем дел од истрагите на поранешното СЈО, по истрагата која ја водеше обвинителката Фатиме Фетаи.- Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски (Фото: СДК.МК)

    Советот за оценка на обвинението за случај „Моќник“ против 13 лица, вклучувајќи ги и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски и татко му, ги одби приговорите на обвинетите и во целост го одобри обвинителниот акт, соопшти Основниот кривичен суд.

    „Предметот кој е оформен по одобрениот обвинителниот акт согласно АКМИС – системот ќе биде распределен кај судија за понатамошно судење и по насрочување на главната расправа странките и јавноста ќе бидат дополнително известени“, додаваат од судот.

    Обвинението го поднесе од Скопското обвинителство кое презеде голем дел од истрагите на поранешното СЈО, по истрагата која ја водеше обвинителката Фатиме Фетаи. Поднесен е и обвинителен предлог против 10 лица за истиот предмет. Сите 13-мина се товарат за вмешаност во нелегална продажба на објект во село Ижишта (Општина Македонски Брод), кој го користела општина Пласница.

    Двајца од обвинетите се обвинети дека сториле Измама, а третообвинетиот Милошоски, Измама и Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2 од Кривичниот законик, каде најниската казна е 5 години затвор. Со Обвинителниот предлог опфатените 10 лица се товарат дека сториле едно кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира