ВО ВОЗИЛО НА СКОПЈАНЕЦ ПРОНАЈДЕНИ 48 МИГРАНТИ ОД АЗИЈА

    ВО ВОЗИЛО НА СКОПЈАНЕЦ ПРОНАЈДЕНИ 48 МИГРАНТИ ОД АЗИЈАВозилото со мигрантите од Пакистан и Бангладеш било запрено во близина на Валандово (Фото: СДК.МК)

    Четириесет и осум мигранти се пронајдени во товарно возило со скопски регистарски ознаки во близина на валандовското село Грчиште. Полицијата објави дека во возилото „мерцедес атего“ имало 38 државјани на Пакистан и десет на Бангладеш.

    Како што соопшти МВР, полициски службеници вчера кај „Македонија пат-Гевгелија“ се обиделе да го запрат возилото управувано од 26-годишниот скопјанец Ж. В., но тој не застанал, туку продолжил да вози кон селото Грчиште. Таму запрел и почнал да бега, но набргу бил фатен и приведен.

    При претресот на неговото возило, внатре биле пронајдени 48 мигранти од Азија.

    Ж. В. е приведен во полициската станица во Гевгелија и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира