ВО ЗАТВОРОТ СТРУМИЦА ДОСЕГА ИЗБЕГАЛЕ 23 ЛИЦА, КОНСТАТИРАНА Е СОСТОЈБА НА ПРИНУДНА РАБОТА НА ОСУДЕНИ ЛИЦА НА ПРИВАТНИ ИМОТИ, КАЖА НОВИОТ ДИРЕКТОР ЗОРАН РИСТОВ

    ВО ЗАТВОРОТ СТРУМИЦА ДОСЕГА ИЗБЕГАЛЕ 23 ЛИЦА, КОНСТАТИРАНА Е СОСТОЈБА НА ПРИНУДНА РАБОТА НА ОСУДЕНИ ЛИЦА НА ПРИВАТНИ ИМОТИ, КАЖА НОВИОТ ДИРЕКТОР ЗОРАН РИСТОВ„Според личните желби на одредени вработени, осудените биле приморани да извршуваат работни задачи на приватни имоти, како градежни активности и друго“, вели директорот Зоран Ристов. (Принтскрин од видеообраќање)

    Новиот директор на Струмичкиот затвор Зоран Ристов констатирал дека досега избегале 23 затвореници, кои се оддалечиле, а не се вратиле во институцијата. Ова се случувало од 202 година досега.

    „За жал првата информација од прегледот на состојбите е дека до моментов од КПУ Затвор Струмица во бегство се дале 23 затвореници. Оваа запрепастувачка бројка е резултат на неодговорното работење на претходните раководства. Некои од нив сега високи политичари во опозицијата. Во изминатиов период во пракса било преку телефонски повик да се даде погодност на затвореник со зборовите:Јас стојам зад тоа. Ваквите процеси во претстојниов период уредно ќе се истражат. Оваа пракса во КПУ Затвор Струмица завршува и одговорност мора да следува“, изјави денеска Ристов.

    Прва негова задача, рече во видеообраќањето испратено до медиумите, е да се врати достоинството и работниот имунитет на вработените, да престанат конструкциите, лажните објави на социјалните мрежи и секако, привилегиите за одредени затвореници.

    „Застанувам против секој обид за рекет, изнуда и притисок. Очигледно, тоа е намерен инструмент за да се создаде клима за манипулација. Согласно Законот за извршување на санкциите и согласно Куќниот ред, КПУ Затвор Струмица ќе го врати нормалниот процес на ресоцијализација на осудените лица. Завршува времето на омаловажени и искористени осудени лица. Според личните желби на одредени вработени, осудените биле приморани да извршуваат работни задачи на приватни имоти, како градежни активности и друго“, тврди директорот и најавува санкции по изготвувањето на извештајот.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира