Санирана е просторијата на Клиниката за кардиологија каде се појави вода од поројниот дожд, соопшти доцна синоќа Министерството за здравство.
Претходно, Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека по силното невреме кое во саботата попладне го зафати Скопје, на Клиниката се поплавени подрумските простории, каде што се салите за интервенција.
„По информација од Клиниката за Кардиологија, ве известуваме дека како последица од поројниот дожд е појавена вода во само една просторија. Истата е веднаш нотирана и санирана, по што на двајца пациенти со акутен инфаркт им е направена интервенција.
Сите сали за интервенција работат во стандардни услови и по стандардни протоколи“, соопшти Министерството.
Б. НЕСТОРОСКА