ВОДАТА ЈА ВЛЕЧЕЛА ДВА И ПОЛ ЧАСА НИЗ ПОЛЕТО ОКОЛУ ОБИКОЛНИЦАТА, СВЕДОШТВО НА ПРЕЖИВЕАНА ПАТНИЧКА ВО АВТОМОБИЛ

a:1:{s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВОДАТА ЈА ВЛЕЧЕЛА ДВА И ПОЛ ЧАСА НИЗ ПОЛЕТО ОКОЛУ ОБИКОЛНИЦАТА, СВЕДОШТВО НА ПРЕЖИВЕАНА ПАТНИЧКА ВО АВТОМОБИЛ

    Емилија Цветковска(40) од Куманово 2,5 часа се борела со водената стихија и успеала да се спаси во поплавите во скопското село Стајковци. Емилија работи во приватен старски дом во населбата Радишани и критичната вечер околу 19 часот со својот автомобил голф тргнала кон Куманово. На обиколницата во близина на селото Стајковци наишла на колона од автомобили заглавени во трите коловозни ленти.

    „Мислев дека е невреме во Арачиново и затоа автомобилите се движат толку бавно, но сметав дека брзо ќе се расчисти гужвата. Во еден момент видов облак во вид на печурка, кој истури невидена количина вода која почна да ги повлекува автомобилите и да ги исфрла покрај патот во нивата. Се јавив на маж ми и го прашав што да правам. Ми рече да излезам од автомобилот, бидеќи ако се наполни со вода ќе се удавам. Кога излегов од колата водата ми беше до половина и беше многу ладна. Пополека придржувајќи се успејав да влезам во еден напуштен автомобил да се стоплам малку, но и тој почна да се полни со вода па морав да излезам. Дуваше многу силен ветер, а во еден момент ме зафати голем бран,  изгубив контрола и тука почна мојата борба за живот“, раскажува Емилија.

    poplava1 (1)

    Голем број од настраданите се од возилата што за време на невремето се нашле на автопатот на обиколницата (Фото: СДК.МК)

    Прво водата ја понела неконтролирано, но успеала да се сврти и да почне да плива. На неколку места упаѓала во вртлози длабоки и по 2 метри и немала тло под нозете. Нуркала и земала воздух, но успеала да се одржи во живот. Повеќе од 1 километар ја носела водата низ нивите додека не ја исфрлила на една чистинка во центарот на селото Стајковци. Таму ги видела првите куќи и почнала да бара помош.

    „Прескокнав една жица и влегов во дворот на куќата. Во него пливаа мртви кучиња, прасиња се што чувале домаќините. Во првата куќа немаше никој  и се префрлив во друг двор, но никој не ме слушна да ми отвори. Моето запомагање го слушнаа луѓе од две соседни куќи. Почнаа да ми го осветлуваат патот со батерија и се обидуваа да ми помогнат каде да се движам. Бидејќи имаше еден потпорен ѕид не можев да го поминам, а водата направила дупка под него.Неможев никако да го прескокнам и некаде половина час се борев со водата. Луѓето ми фрлаа чаршафи, но не можеа да ми помогнат. Повеќе немав сили. Го соблеков фустанот затоа што ми тежеше и ја фрлив чантата. Тогаш го направив одлучувачкиот чекор. Решив да се провлечам низ тесната дупка што ја направила поплавата за да дојдам до куќата. Како низ тобоган се спуштив низ дупката со ширина околу 30 сантиметри. Влегов до куќата и се фатив за прозорците. Луѓето што ми помагаа мислеа дека се удавив, но јас им се јавив. Со последните сили, премрзната почнав веќе да се гушам. Тогаш домаќините ми фрлија чаршафи да се врзам да ме извлечат. Но не одеше, немав сили да се задржам. Тогаш им текна дека можат да ме вовлечат во куќата низ малото прозорче од кујната. Така и направија и ме спасија“, раскажува Емилија.

    Откако ја внеле во куќата прво ја стоплиле, и дали лекови ја исмасирале со ракија и се јавила на домашните дека е жива. Таа нема скршеници по телото, но има набиеници и модринки по целото тело.

    Емилија вели дека ја спасила нејзината присебност, тоа што била добар пливач и вербата во Господ. За цело време додека се борела со водената стихија мислела на нејзините три деца кои ја чекаат дома.

    Таа вели дека 6 август ќе го слави како втор роденден, а на семејствата кои и помогнале ќе им биде должник до крајот на животот.

    Таа утре ќе оди во Стајковци да ги посети семејствата и да однесе хуманитарна помош.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари