ВОДАТА ВО ГОСТИВАР СÈ УШТЕ НЕ Е БЕЗБЕДНА ЗА ПИЕЊЕ ПОРАДИ ОПАСНА БАКТЕРИЈА, ВЕЛИ АНГЕЛОВ

    ВОДАТА ВО ГОСТИВАР СÈ УШТЕ НЕ Е БЕЗБЕДНА ЗА ПИЕЊЕ ПОРАДИ ОПАСНА БАКТЕРИЈА, ВЕЛИ АНГЕЛОВЗа обезбедување питка и техничка вода за граѓаните, ангажирани се три цистерни. (архивска фотографија)

    Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов соопшти дека водата од градскиот водовод во Гостивар е микробиолошки неисправна и штетна за консумирање и употреба поради присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa.

    Како што кажа Ангелов, оваа бактерија претставува сериозен ризик за здравјето на луѓето, особено кај лицата со ослабен имунитет. Нејзиното присуство во водата за пиење може да предизвика инфекции на кожата, очите и ушите, како и компликации на уринарниот тракт и белите дробови кај почувствителните граѓани. Дополнителна опасност е тоа што овој тип бактерии покажува висока отпорност на многу вообичаени лекови и антибиотици.

    За обезбедување питка и техничка вода за граѓаните, ангажирани се три цистерни. Возилата се обезбедени од Територијалната противпожарна единица Гостивар, од компанијата Бехтел и Енка и од Општина Боговиње.

    Според информациите од Дирекцијата за заштита и спасување, цистерните реализираат повеќе тури во текот на денот. Целиот процес на дистрибуција на водата се спроведува во координација со Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Гостивар.

    Водата во Гостивар е забранета за пиење од 17 јули, откако инстутуциите утврдија дека пумпи 22 дена внесувале вода со фекалии во градскиот водовод. Заразени се над 4.000 граѓани, од 19 јули е прогласена епидемија, а на 21 јули Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во градот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира