„ВОДОВОД“ ГО НАПЛАЌА БАРОКОТ ПРЕКУ ВОНРЕДНИ ФАКТУРИ ЗА СКОПЈАНИ И ДО 18.000 ЕВРА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:23:"single_template_british";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

„ВОДОВОД“ ГО НАПЛАЌА БАРОКОТ ПРЕКУ ВОНРЕДНИ ФАКТУРИ ЗА СКОПЈАНИ И ДО 18.000 ЕВРА

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ последнава 1,5 година кај корисниците доставило стотина сметки за вода која тие не ја потрошиле. На станови од седумдесеттина квадратни метри фактурирани им се месечни сметки како да полнеле олимписки базени.

Канцеларијата на Народниот правобранител е затрупана со претставки од незадоволни корисници. Голем дел од нив веќе се обработени.

„Имаме преку педесетина предмети во кои е утврдено дека ’Водовод’ постапил спротивно од законот. Сметките за вода што стигнале кај граѓаните се од 50.000 до над милион денари. Има сметка и од 18.000 евра за која единственото објаснување од претпријатието е дека се работи за вонредна фактура и надоврзана состојба без образложение за кој период оти сметките за вода се редовно плаќани. Во некои од случаите грешките во сметките се толку очигледни што воопшто не треба да ги толкува правник. Имавме состаноци со претставници од претпријатието на кои сакавме да им укажеме дека има работи кои треба да ги коригираат, но не наидовме на соработка. На граѓаните им останува со предметите кои ние ги подготвуваме да тужат за да не плаќаат вода која не ја потрошиле“, велат од канцеларијата на Народниот правобранител Иџет Мемети.

Имавме состаноци со претставници од претпријатието на кои сакавме да им укажеме дека има работи кои треба да ги коригираат, но не наидовме на соработка. На граѓаните им останува со предметите кои ние ги подготвуваме да тужат за да не плаќаат вода која не ја потрошиле“, велат од канцеларијата на Народниот правобранител Иџет Мемети

Имавме состаноци со претставници од претпријатието на кои сакавме да им укажеме дека има работи кои треба да ги коригираат, но не наидовме на соработка. На граѓаните им останува со предметите кои ние ги подготвуваме да тужат за да не плаќаат вода која не ја потрошиле“, велат од канцеларијата на Народниот правобранител Иџет Мемети

Овој совет го послушале станари на зграда во Ѓорче Петров, продолжение на истоимениот Пензионерски дом. Тие купиле стан во зградата и побарале „Водовод“ да направи увид на состојбата со водомерот. По увидот добиле огромна сметка за вода што не ја потрошиле.

„Ни ја фактурираа сета потрошена вода во станот откако постои зградата. За стан од 70 квадрати ни стигна сметка од 135.520 денари за декември 2014 година иако ние сме сопственици на станот од 31 декември 2014. Објаснувањето беше дека потрошената вода дотогаш никој не ја плаќал. Водомерот во нашиот стан е контролен водомер оти зградата е продолжение на Пензионерскиот дом. Главниот водомер е во домот, станарите му плаќале вода на домот, а домот имал обврска да му плати на ’Водовод’. За спорот завршивме на суд, кој сепак не обврза да платиме 22.000 денари. Судијката пресмета дека треба да платиме паушал од 40 кубни метри вода, односно 980 денари и судски трошоци. Не отидовме на Апелација за да не си направиме нови трошоци, иако сите аргументи се на наша страна“, вели станар од зградата, нагласувајќи дека иако цела зграда, според „Водовод,“ не плаќала сметки за вода, тужени се само два стана, останатите и покрај долгот немаат ниту тужби, ниту пак некој им ја исклучува водата.

punkt-za-naplata-na-vovovod-3

Зголемувањето на сметките за вода кај скопјани оди паралелно со зголемувањето на трошоците за изградба на новата зграда на претпријатието – Пункт за наплата на сметки (Фото: Ѓ. Личовски)

Нивниот пример е само еден од многуте кои завршиле кај Народниот правобранител. Револтираните корисници обвинуваат дека „Водовод“ преку нивните надуени сметки сака да обезбеди пари за скапата барокна зграда покрај Вардар.

Зголемувањето на сметките за вода кај скопјани оди паралелно со зголемувањето на трошоците за изградба на новата зграда на претпријатието. Откако во 2011 година почна изградбата на кружната зграда покрај Вардар на местото на старите бараки, склучени се уште низа договори кои ја зголемуваа првично најавената сума од околу 10 милиони евра.

Ако се пресметаат сите договори, до сега новата зграда на Водовод во Скопје чини 20.356.673 евра (Фото: Ѓ. Личовски).

Ако се пресметаат сите договори, до сега новата зграда на Водовод во Скопје чини 20.356.673 евра (Фото: Ѓ. Личовски).

Ако се пресметаат сите договори, сега новата зграда чини 20.356.673 евра. Новата зграда има вкупна површина од околу 10.000 квадратни метри распоредени на пет ката и три подземни нивоа со гаража за 138 возила. Идејното решение е на архитектот Жарко Чаушевски, кој за зградата доби прва награда во вредност од 190.000 денари на јавен конкурс. За изведувач на градежните работи беше избрана австриската фирма „Алпине бау“. Фирмата банкротираше откако ја изгради зградата во фаза на карабина во 2013 година, па претпријатието требаше да избере нов изведувач, а во меѓувреме зема и кредит од 7.317.073 евра за довршување на зградата. „Алдинг Инженеринг“ во 2014 година беше избрана да го доврши новото седиште на претпријатието. Изградбата е при крај. Според последните најави, претпријатието треба во текот на месецов да се пресели и да престане да плаќа месечна кирија од 25.000 евра, или 300.000 евра годишно, на фирмата „Технометал Вардар“ каде што се сместени од февруари 2011 година.

Додека се чека селењето на претпријатието, „Водовод“ уште еднаш ја зголеми цената на новиот објект. За 1,4 милиони денари Друштвото „Архитектоника“  треба да направи измена и дополнување на основниот проект во тек на градба во сите фази и проект за изведена состојба во сите фази иако градењето на објектот е целосно завршено. Претпријатието даде објаснување дека во старите проекти имало недостатоци кои треба да се поправат.  

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Коментари