„ВОДОВОД“ КРИЕ ЗОШТО ОТПИШАЛ НАД ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА ДОЛГОВИ ЗА ВОДА НА ЕКСМИНИСТРИ И ПРАТЕНИЦИ

„ВОДОВОД“ КРИЕ ЗОШТО ОТПИШАЛ НАД ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА ДОЛГОВИ ЗА ВОДА НА ЕКСМИНИСТРИ И ПРАТЕНИЦИНема одговор за привилегираните потрошувачи на вода ниту Народниот правобранител Иџет Мемети. Тој, по своја иницијатива отворил предмет за да ги истражи тврдењата изнесени на седница на Советот на Скопје. - Новата зграда на ЈП „Водовод и канализација“ (Фото: СДК.МК)

Четири меcеци скопското Јавно претпријатие „Водовод и канализација“ крие зошто им отпишало долгови за вода во износ од над три милиони евра на бивши министри, актуелни пратеници и граѓани блиски до власта.

Во мај годинава за овие отписи на долгови за вода во Советот на Скопје праша советничката група на СДСМ.

„Зошто едни да плаќаат, а на други да им се брише долгот за вода и ѓубретарина“, праша советничката група на СДСМ. Дамјан Манчевски, координатор на советничката група на СДСМ и коалициските партнери во Советот на Скопје вели дека на ова прашање сѐ уште немаат одговор.

Нема одговор за привилегираните потрошувачи на вода ниту Народниот правобранител Иџет Мемети. Тој, по своја иницијатива отворил предмет за да ги истражи тврдењата изнесени на седница на Советот на Скопје. Народниот правобранител двапати писмено побарал објаснување од директорот на ЈП„Водовод и канализација“, Александар Атанасов за тоа по кој правен основ претпријатието донело одлуки за отпис на долговите.

“Кој е предлагач, иницијатор за донесување на одлуките со таква содржина? Кој ја донел одлуката, дали директорот Атанасов, Управниот одбор, или некој друг орган?“, прашува Народниот правобранител. Омбудсманот бара официјален одговор од Атанасов и колкав е вкупниот износ на отпишаниот долг и како е именуван, дали како долг за вода, или е за одведување комунален отпад. Ги бара и имињата на тие привилегирани граѓани, како и периодот за кој им бил отпишан долгот. За да открие дали бил законски потегот со бришењето на долговите на поединци кон ЈП „Водовод и канализација“, Народниот правобранител во писмениот допис прашува и дали се работи за отпис на побарувања кои се навремено утужени, а ако станува збор за неутужени побарувања, кои се причините што навреме не биле тужени тие случаи, зошто се привилегирани за разлика од останатите граѓани кои завршуваат на суд ако не си ги платат долговите кон Водовод, дали директорот ги казнил службените лица кои прогледувале низ прсти на одредени должници.

Бидејќи за отпишување на долгови ЈП „Водовод и канализација“ мора да го праша и да добие согласност од неговиот оснoвач Советот на Град Скопје, Народниот правобранител го прашал Атанасов и дали за донесената одлука побарал и дали добил согласност од Советот. Според државниот советник кај Омбудсманот Зоран Билбиловски, директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје Александар Атанасов не одговорил ни на вториот допис од Омбудсманот. Поради тоа, Народниот правобранител му укажал на Атанасов дека одбивањето и непочитувањето на барањата и интервенциите на Омбудсманот “се смета за попречување на неговата работа, поради што дополнително ќе бидат преземени дејства, согласно Законот за Народен правобранител“.

За да открие дали бил законски потегот со бришењето на долговите на поединци кон ЈП „Водовод и канализација“, Народниот правобранител во писмениот допис прашува и дали се работи за отпис на побарувања кои се навремено утужени, а ако станува збор за неутужени побарувања, кои се причините што навреме не биле тужени тие случаи, зошто се привилегирани за разлика од останатите граѓани кои завршуваат на суд ако не си ги платат долговите кон Водовод, дали директорот ги казнил службените лица кои прогледувале низ прсти на одредени должници;- наплатен пункт на „Водовод“ (Фото: Ѓ. Личовски за СДК.МК)

За да открие дали бил законски потегот со бришењето на долговите на поединци кон ЈП „Водовод и канализација“, Народниот правобранител во писмениот допис прашува и дали се работи за отпис на побарувања кои се навремено утужени, а ако станува збор за неутужени побарувања, кои се причините што навреме не биле тужени тие случаи, зошто се привилегирани за разлика од останатите граѓани кои завршуваат на суд ако не си ги платат долговите кон Водовод, дали директорот ги казнил службените лица кои прогледувале низ прсти на одредени должници;- наплатен пункт на „Водовод“ (Фото: Ѓ. Личовски за СДК.МК)

ЈП„Водовод и канализација“ за отписот на долговите на прашањата од САКАМДАКАЖАМ.МК даде половичен одговор.

„Станува збор за исправка на вредноста на побарувањата во моментот на утужување и исправка на вредност на побарувања од претходни години, за кои наплатата е отежната, за кои не е направен директен отпис и нивно бришење, туку нивно усогласување согласно даночните прописи и нивно евидентирање во спорни и сомнителни побарувања. Ваквото евидентирање на побарувањата не се однесува на сопствена иницијатива на корисниците ниту пак има привилегирани корисници. Исправката на вредноста се прави во моментот на утужување и кога се врши годишен попис со цел објективно презентирање на финансиските извештаи. Делумно одобрување на побарувањата од корисниците се врши само преку Комисијата за спорни сметки. Не станува збор за привилегирани корисници, туку за корисници кои се обратиле до Комисијата и ги задоволиле условите кои се бараат за делумно одобрување на сметката, најмногу до 50 отсто од износот“, велат од „Водовод“.

Од претпријатието го побаравме списокот на корисници кај кои, како што велат, правеле исправки на вредноста и списокот на корисници на кои Комисијата за спорни сметки им направила делумен отпис на долгот за вода. Не добивиме повратна информација.

На прашањето дали меѓу корисниците на кои им отпишале долгови се поранешниот министер за правда Михајло Маневски и пратеникот Амди Бајрам, од „Водовод“ велат Маневски се води како редовен плаќач и нема долг, а Бајрам му должи на претпријатието 282.547 денари, долгот е тужен и даден за наплата преку овластени извршители.

Директен одговор за отписот на долгови избегна и Град Скопје каде прашавме дали стручните служби во Советот го проследиле прашањето во „Водовод“ кој треба да го одговори.

„Ве молиме да ни посочите за кое советничко прашање се работи. Ова ни е потребно, и покрај Вашето сомневање во ажурноста на градската администрација, затоа што сите прашања поврзании со ЈП Водовод им се одговорени на градските советници. Ниту едно советничко прашање од поставените нема  директен контекст со можни злоупотреби на сметките на граѓаните од страна на ЈП Водовод. Затоа, Ве молиме да ни го проследите прашањето во изворна форма, како што го поставила советничката група и одговорот на тоа прашање веднаш ќе Ви биде проследен, како што му е врачен и на оној што го поставил“, побараа од Град Скопје, иако за секоја седница се прави тонски запис кој стои на располагање на сите служби во Градот.

Стручните служби во Советот на Град Скопје треба писмено да одговорат на прашањето на СДСМ поставено од говорница на седница во мај годинава.

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Коментари