ПРЕД СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ ВОЗИЛАТА ЌЕ МОЖЕ БЕСПЛАТНО ДА ЗАСТАНАТ САМО ЕДНАШ ВО 24 ЧАСА

    ПРЕД СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ ВОЗИЛАТА ЌЕ МОЖЕ БЕСПЛАТНО ДА ЗАСТАНАТ САМО ЕДНАШ ВО 24 ЧАСАИзмените се со цел непречен проток на возила до аеродромот, велат од ТАВ. (Фото: ТАВ)

    Од 1 септември, на улицата пред скопскиот аеродром возилата кои земаат патници ќе можат да застанат само еднаш во денот. Како што соопшти ТАВ Македонија, улицата пред терминалната зграда и понатаму останува наменета за бесплатно кратко запирање во времетраење од 10 минути со цел оставање и преземање патници, но според новите правила за паркирање, секое возило ќе има можност да влезе, транзитира и паркира бесплатно 10 минути само еднаш во текот на 24 часа.

    „Промената е насочена кон одржување на непречен проток на возила до аеродромот и обезбедување безбедни услови за патниците, посетителите и возачите при пристапот до терминалот. Автоматското препознавање на регистарските таблички ќе овозможи ефикасно управување со пристапот и непречено одвивање на сообраќајот, особено во периодите со зголемена фреквенција на патници“, велат од ТАВ Македонија.

    Од ТАВ Македонија велат дека патници кои имаат потреба од подолг престој може да се паркираат на големиот паркинг на скопскиот аеродром, кој се наоѓа пред терминалната зграда и има на располагање 1.200 паркинг места за автомобили и 6 паркинг места за автобуси. На овој паркинг од 1 јануари 2024 година  беа воведени нови, повисоки цени за паркирање. Исти останаа цените од 100 денари за еден час, 150 денари за два часа и 200 денари за три часа. За 50 денари поскапе паркирање на аеродромот над три часа, односно од 250 на 300 денари, 400 денари е паркирање од 4-6 часа, 500 денари од 6-8 часа, а 1.000 наместо 850 денари од 8-24 часа. За 1.000 денари поскапе паркирањето на неколку дена, па така од три до пет дена паркирањето ќе чини 3.500 денари, од пет до седум дена 4.500 денари, а за секој нареден ден ќе се плаќа по 400 денари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира